Илустрации на Младен Туниќ за книгата „Сонцето е чудно“ на Петко Домазетовски-Виногорски

19.09.2014 10:31
Илустрации на Младен Туниќ за книгата „Сонцето е чудно“ на Петко Домазетовски-Виногорски

Единаесет илустрации од Младен Туниќ - познат по илустрирање на голем број книги, особено за деца – за книгата песни за деца „Сонцето е чудно“ од Петко Домазетовски Виногорски, објавена 1972 година.

Петко Домазетовски-Виногорски е роден на 18 октомври 1935 година во с. Јабланица, Струшко. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работи како претседател и главен и одговорен уредник во Друштвото за наука, култура и уметност „Браќа Миладиновци“ - Струга. Покренувач е и главен и одговорен уредник на гласникот на Друштвото „Изворник“ (списание за наука и култура). Член на ДПМ од 1971 година. Автор е на книгите: Каде спие ветерот (поезија, 1966), Смирено небо (поезија, 1969), Читанка за 5-6 курс за основно образование на возрасните (1978), Сонцето е чудно (поезија, 1972), Поздрав на пролетта (раскази, 1972), Партизански раскази (избор, 1979), Планински шепоти (поезија, 1981), Патор, патор, ножиња (избор од народна поезија, 1983), Игри немирни (поезија, 1985), Радосни трепети (поезија, 1990), Брези и залези (поезија, 1995), Како се буди денот (поезија, 1995), Македонско народно литературно богатство (прирачник за ученици од основните училишта, коавтор), Сонот на детето (поетска читанка, коавтор, 1996), Читанка за ИВ одделение (коавтор, 1999), Српски извори за историјата на македонскиот народ (1892-1899), заедно со д-р Глигор Тодоровски, 1999), Ѕунат трепетликите (поезија, 1999), Галоп на дождот (поезија, 2000), Чудна шара Буба Мара (поезија, 2000), Народни сказни од Долни Дримкол (2000), Седит моме на сребрено столче (народна поезија, 2000), Подвиквет ми капидан од горје (народна поезија, 2000), Јабланица, Долни Дримкол - Струшко (монографија, 2000), Нашите зимски празници (коавтор, 2000), Тропнало оро големо (народна поезија, 2000), Македонски народни пословици (коатор, 2000), Нашите пролетни празници (коавтор, 2000), Нашите зимски и пролетни празници (коавтор, 2000), Гора и рамнина (поезија, 2000). Читанка на македонски раскази за деца (коавтор, 2000), Окупацијата на западна Македонија 1941-1944 (документи, заедно со д-р Глигор Тодоровски, 2000). Добитник е на наградата „Ванчо Николески“ (за песна, Битола). Загинал во сообраќајна несреќа на 14 октомври 2006 во Струга.