Колку се слични родителите и децата?

21.08.2014 13:11
Колку се слични родителите и децата?

Фото проектот „Генерација“ на германската фотографка Frauke Theilking ги регистрира сличностите и разликите меѓу генерациите. Секоја фотографија на Теилкинг е составена од пар родител и дете (мајка-ќерка или татко-син), ставени еден крај друг. Фотографиите нудат крајно едноставна сива позадина и ликовите се без облека, за ништо да не го одвлекува вниманието на гледачот од лицата на фотографираните луѓе. На некои од фотографиите ни се чини како да гледаме иста личност во различни фази од нејзиниот живот. Но, на некои фотографии разликите се поголеми од сличностите.

Гледајќи ги лицата, се задлабочуваме во нивните разлики и сличности, кои не служат за создавање впечаток на хумор, туку зборуваат за подлабоките генерациски и филозофски исповрзаности. Тема на овој проект не е само временскиот дис/континуитет во рамките на едно семејство, туку тема е и времето само (да речеме, како филозофски проблем) и личноста сама (од психолошки аспект, како некакво себесогледување, себепромислување).

Сајтот на Frauke Theilking

 

Слични содржини

Активизам / Фотографија / Уметност
Општество / Фотографија / Култура / Уметност
Фотографија / Уметност
Општество / Фотографија
Фотографија

ОкоБоли главаВицФото