Бисерите на Мирка

03.10.2014 08:41
Бисерите на Мирка

НАЈИНТЕРЕСНИТЕ ИЗВАДОЦИ (ЦИТАТИ И ПАРАФРАЗИ) од емисијата Јади Бурек на Јанко Илковски на која учествуваше Мирка Велиновска на 1 октомври 2014 година

 

- Обама ги има Обединетите нации во џеб и на членките во меѓународната организација има дава license to kill кога сака.

- Резолуциите на ОН се ирелевантни.

- Говорот на сирискиот министер за надворешни е одличен и феноменален.

- „Гледаме масакри, сечења глави, сѐ се знае, само не се знае каде оди нафтата...“ (Точно се знае – има публикации, кои објавуваат за сета нафта до барел колку е произведена, кој ја купил, на кој танкер е натоварена или низ кој нафтовод помината и кому е препродадена. Нафтата се продава на меѓународен пазар по пат на понуда и побарувачка и само така може да и се утврди цената. Сирија произведува малку нафта, а над 50 отсто од нафтата на Ирак оди во Кина – м.з.)

- Обама спроведува сценарио за создавање хаос.

- Иванов е „паметен човек кој знае, следи што се дешава“ (хахахахахаха.... - м.з.)

- САД ја предупредил Чешка дека ќе биде цел на напади на ИСИЛ зашто Чешка не ги поддржала санкциите врз Русија, а САД може да го натера ИСИЛ да ја напаѓа Чешка зашто САД управува со ИСИЛ.

- Стигнало предупредување „од ЦИА и од некој од НАСА“ каде било најавено „дека Македонија од цела Европа ќе биде како Сахара спржена, пустина“ зашто не ја следела САД, ама, ете, ништо не се случило. (Никој не вели дека Македонија ќе биде спржена или Сахара и тоа особено не годинава или денеска, туку се мисли дека заради глобалното затоплување во иднина температурите ќе се зголемат и се смета дека Македонија ќе има значајни последици – м.з.)

- Глобалното затоплување бил „спин“ и едно време бил „во мода“.

- Глобалното затоплување заврши, зашто во Македонија 2 години по ред паѓал дожд и 63 отсто мразот пораснал на половите (Значи глобалното затоплување, за кое 97% од научниците велат дека постои, за Мирка не постои – м.з.)


- Министерот за одбрана „ја дал Македонија на тацна“ на САД.

- Германија игра улога на „корисен идиот“ на Америка.

- „Големи претставници од Германија на Меркел“ убедувале наши владини експерти дека Албанците во МК ќе направеле војна.

- Иванов со говорот во ОН им отворил на Американците врата да направат нова граѓанска војна во МК и после САД да дошол да нè спасува.

- „Ако НАТО е хумана, демократска, не знам каква организација...“ (НАТО никаде не тврди дека е хуман или демократски – тоа е ВОЕН сојуз, чија задача е одбранбена и воена м.з.)

- Членките на НАТО сакаат да нѐ нападнат, а за да не нѐ нападнат требало да се зачлениме – тоа се викало гангстерај.

- За НАТО да нѐ штити треба да му плаќаме рекет како во гангстерските филмови во Америка.

- Америка напалм бомби фрлала врз Македонците во Егејска Македонија.

- „Овој фашизам во хаос, во планиран хаос, што се прави, со додадена анархија кај што се срушија сите правила на игра и со ветување дека ова ќе трае со децении (се мисли на ветување на Обама, м.з.) вас ви кажува дека ќе гинат многу луѓе, ќе се растураат многу држави, тоа ќе биде време на хаос“ (Фашизмот и според теоријата и праксата, не сака и е сосема спротивен на анархија, туку инсистира и се стреми кон целосно национално единство, бришење на демократијата и индивидуализмот за сметка на нацијата и лидерот, значи чиста спротивност на анархизмот – м.з.)

- „Овој период историски соодветствува на оној период што го викаме мрачно доба кога се сруши Римската Империја“ (Од крајот на Втората светска војна, па до ден денешен БДП на САД изнесува меѓу 20-25 отсто од светскиот. Така е и денеска. Нема никакво рушење – м.з.)

- Мирка до Јанко: „Кажи ми кои се тие што сметаат дека САД се лидер во светот по демократија?“ (Еве јас, на пример - м.з.)

- „Кореја не е демократска земја, Тајван па ич... И сега Германија нe е слободна земја, има 70 или 90 американски бази и 100.000 војска америчка, златото, златните резерви на Германија... е во Америка, Меркел побара оваа година да оди да види во федералниот... и не ѝ дозволија на Германија една. Јапонија сакаш да кажеш дека е демократија? Мора да се шалиш, 50 години немаат сменето партија...“ (И македонското монетарно злато од НБРМ во голем или значителен дел е во САД. И Македонија Германија можат да го повлекуваат своето злато од САД кога сакаат, според потпишаните договори и преземените обврски ако делови од тоа злато Бундесбанк или НБРМ дале како гаранција на некои хеџ фондови за процент на одреден временски период. Не точно дека Меркел отишла во САД да го гледа германското злато – нема попаметна работа – а уште помалку дека некој не ѝ дозволил м.з.)

- „ГМО и ова што се дешава денеска во светот, Менгеле е мачкина кашлица – милиони, еве ги денеска на Блискиот исток, под предтекст дека исламот го загрозува цивилизираното христијанство изгореа...“

- „Јас уште во 1997 година пишував во Пулс кога излезе Џорџ Буш со програмата за судир на цивилизациите...“ (Во 1997 претседател беше Бил Клинтон, Буш беше претседател од 2001 до 2008 м.з.)

- „Јас како филозофи сум ги читала (Хегел и Енгелс м.з.). Тоа не се измислици на комунисти. Тоа е од космичките закони (покажува кон небото со рака м.з.), физика, физика е човече...“

- „Кога ќе дојдат во Македонија... кога Сименс, Ауди, Мерцедес, Крајслер, кога ќе ти направат ... (фабрики се мисли м.з.) нема бомби...“ (Сака да каже дека со странски индустриски капацитети на наша територија НАТО не можел да нѝ бомбардира. Напомена: ниедна од спомнатите фирми горе е не дојдена во МК. Оние кои се тука како двата Џонсони, Кромберг и Шуберт, и другите, сите имаат уште 10, 20 или 30 исти такви фабрики низ цел свет и многу лесно можат да преживеат и да го одржат производството и без нивните фабрики во МК. Не дека НАТО ќе нè бомбардира – нема попаметна работа – ама ни аргументот, ни дадените податоци не држат и не се точни.)

- „Она (Турција – м.з.) ја поддржуваше ИСИЛ и финансиски и со територија и ја учеше како да прават отрови... Што направи Турција, нели е у НАТО? Плус го изгуби местото регионална сила. Сега Иран е играчот....“ (?????????? – Турција никогаш не ја поддржувала ИСИЛ. НАТО никогаш не би ѝ го дозволил тоа, какво поддржување, каков бакрач. Турција никогаш не ја „учела“ ИСИЛ како да прави отрови. Какви отрови? Хемиски оружја, се мисли? Турција нема хемиски оружја како членка на НАТО. Не смее ни да ги има. Турција го изгубила местото регионална сила заради Иран? Иран, кој со години е под санкции? Турскиот БДП, војска и влијание во регионот е повеќекратно поголем/поголемо од оној/она на Иран Иран има БДП од 500 милијарди евра, а оној на Турција е во трилиони и така и ќе остане уште долго време – м.з.)

- „Турција почна многу да се курчи... сега ќе мора да се раскурчуе.“ (глупости – м.з.)

- „Ако се креира евроазиска заедница, Америка ќе остане една од регионалните играчи, голема ама не доминантна“ (Нема да се креира, да можеше сега стопати ќе се креираше, а и да се креира, тоа нема врска со моќта на САД – м.з.)

- „Грција е корисен идиот.“

- „Германија заигра опасно во оживување на евроазискиот план.“ (Абе, чекај Мирке, нели рече горе дека Германија е корисен идиот на Америка? Сега и за Русија е опасен идиот? – м.з.)

- Во коалицијата за борба против ИСИЛ нема ниедна европска држава. „Седум џуџиња има од Арапскиот полуостров, европска земја нема ниедна“ (Ова не е точно, обична лага – Данска, Франција, В. Британија, Белгија... - м.з.)

- „Европа денеска, со мојот речник, едноставен кажано, суштински, е поробена, под окупација.“ Америка дека тоа ќе го направи пред време го кажала и со тоа што војниците од Авганистан ги префрлила во европски земји како Шпанија, Италија...

- „Ова ти е бе, ова ти е монструозен... Ова со идентитетот не сакам ни да го зборувам. Сега ти вика или ќе го прифатиш ова што ти вика сам да се самоубиеш или ќе ти ги с`снеме Албанците. Па с`снете ги бе. Еднаш с`снете ги, ама ја кога ќе ги с`сне некој, за да се самоодбранам, имунолошки (???? – м.з.) да не погинам, знаеш ли како ќе настапувам. Не како 2001.“ (само еден збор: warmongering – м.з.)

- „Масовни гробници во Украина...“ (се мисли од украинска страна – нема такви: - м.з.)

- „Шкотите сега се у фаза на кревање ручна да видат кој ги изработил“ (демек референдумот за независност бил измама – м.з.)

- ИСИС не ги викале терористи, туку екстремисти, тоа било „многу интересно“ (не е интересно, нормално е – м.з.). Ал Кадеа биле терористи, Иран, Куба и Северна Кореја биле „терористички држави“ – така западот ги викал (не е точно – ги викаат земји што поддржуваат тероризам, не терористички држави, Куба не ја викаат никако – м.з.)

- Пол Волерс и Американците ги држеле двајцата обвинети за Монструм на Косово и не ги испорачувале на Македонија. (САД, според договорот со косовските власти, нема никаква надлежност да се меша во тамошниот судски систем – м.з.)

- „Немаат збор, коментар (се мисли на странците – м.з.) за протестите кобајаги на населението од Чаир со камења што маваа по полиција по згради, по све...“ (Не е точно. Веднаш истиот ден или утредента ОБСЕ, канцеларијата на ЕУ и Амбасадата на САД јасно и гласно ги осудија насилните демонстрации на Албанците и кажаа дека мора да се почитуваат институциите на системот - м.з.)

- „Сакам да ми гарантира не капитулација, него одбрана. Тогаш и масовна мобилизација да направи сите ќе се јавиме бидејќи... нема заебанција со ова. Ова еднаш у историја се игра. Прво, мора да направат сè, да смислат таква политика, не можат... не признавам, не знам и не можам, Америка е голема. Ако некој се плашел нек си даде оставка нек се тргне, ќе дојдат други. Али од нив не сакам Македонија дај а изгубиме, не сакам народот да крвари, не сакам да имаме граѓанска војна со нормални Албанци, Турци, Муслимани...“ (Абе, чекај Мирке – ќе се мобилизираме да крвариме или не сакаш да крвариш? Што сакаш, што ќе правиме? Плус, кои се тие „нормални Албанци, Турци, Муслимани...“? А кои се тие, па, ненормални Албанци, Турци, Муслимани...? – м.з.)

- „Никогаш, никаде у светот не сум го видела она што ние го доживуваме со Скопје 2014? Држави странски, избрани претставници на држави европски мене да ми се мешаат шо ќе градам у мојата земја.“ (Ниедна „држава странска“, ниту „избрани претставници на држави европски“ не се смешале во Скопје 2014 – многу им е гајле – м.з.)

- „... У Тексас, у Аризона ли е Лас Вегас...“. Јанко: „Добро!“ (Лас Вегас е во Невада – м.з.)

Извор: anfas.blogspot.com