Скопјанец се жали дека пронашол траги од месо во виршлите

12.06.2015 18:06
Скопјанец се жали дека пронашол траги од месо во виршлите

Скопје, 12 јуни 2015

Марко Крстевски (42) од Скопје се шокирал кога за време на појадокот загризал виршла и во неа пронашол траги од месо.

Во изјава за Пара вести тој вели дека почувствувал необичен вкус и во првиот момент помисли дека станува збор за свински отпадоци или нешто слично од што се прават виршлите, но потоа ужаснат сфатил дека станува збор за чисто месо.

„Ја гризнав виршлата и почувствував дека има нешто чудно. Погледнав подобро и забележав дека во неа се наоѓаат парченца од нешто необично. Зедов вилушка и од виршлите исчепкав нешто што никогаш порано не сум го видел. Кога сфатив дека станува збор за месо, буквално скокнав од столот и стомакот ми се преврте. Ми дојде да повратам“, вели Марко.

„Штом си дојдов на себе ги фотографирав трагите од месото и решив да го тужам производителот. Којзнае колку месо сум изел до сега јадејќи ги нивните виршли. Прашање е што уште ставаат во нив кога можат да ги прават и од месо“, се прашува овој скопјанец.

Марко напоменува дека своето трауматично искуство не го споделил со децата, зашто не сакал да им ги скрши илузиите за виршлите.

„Моите деца обожаваат виршли, па се уплашив дека ако им кажам за ова, никогаш повеќе нема да пробаат“, објаснува Марко и додава дека во наредниот период, за секој случај, ќе јаде исклучиво паштети, затоа што е сигурен деа во нив нема да најде ни грам месо.

Извор: www.njuz.net