Зошто бучниот секс е добар за здравјето

16.06.2016 10:46
Зошто бучниот секс е добар за здравјето

Пред извесно време, шведскиот министер за здравје, Габриел Викстром, рече дека бучниот секс е добар за оние што го практикуваат, како и за општата здравствена состојба. За да го расчистиме тоа му влеговме во трага на еден (многу атрактивен) здравствен работник.

Речиси е полноќ, имаш секс со некого (со двострана согласност), а твоите крици ги пригушува перницата што ти е на устата. Можеби сакаш да викнеш нешто како „тоа, татенце“, или „посилно“, додека го плескаш по мускулестиот задник, но премногу ти е непријатно; наместо тоа, само шепнуваш „те сакам“, ја завртуваш безбол капата наопаку и тивко го бакнуваш в уста.

Но, како што се покажува, замолчувањето на бучните моменти во сексот може да биде лошо по твоето лично, општото и здравјето на твојот партнер. Барем, така би рекол Габриел Викстром, шведскиот министер за здравје. Кога некој граѓанин со твит се пожалил од гласниот коитус на своите соседи, Викстром одговорил онака како што ѝ доликува на секс позитивна јавна личност: „Звучи добро за нив, би рекол. Тоа е добро за нивната благосостојба, и заради тоа е добро и за јавното здравје“.

Дали сте или не сте гласни и зборлести за време на сексот е нешто за што многу жени дискутираат со пријателките, но кога последен пат сте прашале некој експерт за тој феномен?

Др. Иан Кернер е лиценциран психотерапевт и сексуален советник специјализиран за секс терапија, и е автор на високотиражната книга со совети за сексот со наслов „Таа свршува прва“. „Двојките кои се во состојба да комуницираат за сексот се поздрави и посреќни“, вели Кернер во интервју за Broadly, во кое објаснува дека бучниот секс може да биде дел од комуникацијата – и дека затоа е добар за двојките.

„Копулаторната вокализација – правењето бука за време на сексот – е еден од есенцијалните начини за комуникација со партнерот, кога му давате до знаење што ви одговара, а што не ви е пријатно“, вели Кернер, додавајќи и дека малку врева може да биде најава за партнерот дека е во ред да сврши. „Резултатите од многу студии покажуваат дека жените кои се гласни за време на сексот тоа не го прават заради своето задоволство, туку сакаат да му покажат на парнтерот дека е во ред да доживее оргазам“.

Се разбира, кога партнерот истпушта звуци за време на сексот, тоа може да биде возбудливо. „Да се биде во состојба да се вокализира и да не се биде инхибиран во друштво на партнерот, додава задоволство во сексот“, вели Кернер. Но, тоа понекогаш е полесно да се каже отколку да се направи: спротивставувањето на валканото зборување може да има некаква врска со фактот дека сексуалноста ни е длабоко ограничена. „Ги знаеме своите омилени пози. Знаеме каде нашите партнери сакаат да ги допираме, и каде сакаме тие да нè допираат нас“, вели Кернер. „Но, не ги споделуваме секогаш со нив своите фантазии“. Не ја делиме секогаш повратната реакција. Главно не вербализираме – тоа е веројатно така заради сите ситни развојни искуства кои сме ги собрале патем, при кои е прикриван сексот, или срамот и неудобностите поврзани со сексот“.

Според Кернер, ние сме мошне срамежливи. „Живееме во општество кое има мошне негативен, помалку викторијански однос кон сексот, базиран на срамот“, вели Кернер. „Не само што не вербализираме за време на сексот, туку всушност и не комуницираме за сексот, без оглед дали се работи за фантазии, или едноставно за повратната реакција кон партнерот“. Заборавете на кажувањето валкани нешта. Кернер вели дека низ вековите на сексот се гледало само во контекст на продолжување на видот. „Мораш да имаш секс за да имаш деца, и сè надвор од тоа било сметано или за грев, или за болест“. И, станува сè полошо, ти опичен сексуален перверзнику: „Пред двеста години, мастурбирањето буквално се сметало за органска болест која може да се излечи со операција“.

Ова се само некои од општествените норми кои влијаат на начинот на кој го практикуваме сексот. „Ако не водите љубов во моногамна врска – ако мастурбирате со порнографија, ако се впуштате во немоногамни врски, ако сакате перверзии – многу луѓе во оваа земја ќе речат дека сте патолошки случај и дека со вас нешто не е во ред“.

Иако Кернер потврдува дека бучниот секс е здрав, исто така јасно истакнува дека гласноста не е предуслов за квалитетно водење љубов, ниту задолжително укажува дали сексот е добар или лош. На пример, една од неговите клиентки е тивка за време на сексот, и бучниот секс не е автоматски и добар секс“, објаснува Кернер, додавајќи дека гласноста понекогаш знае да биде неавтентична. Кернер се присетува на уште една своја клиентка, која глумела оргазми за време на бучниот секс: нејзиниот машки партнер бил „вчудоневиден“ од тоа, вели Кернер, затоа што неговата девојка била толку гласна за време на сексот. „За неа тоа било дел од претставата во сексот“, објаснува Кернер. „Мораме да направиме разлика помеѓу реалниот секс, звуците кои ги испуштаме за време на реалниот секс, и звуците кои ги испуштаме кога глумиме“.

Но, на кој начин (или колку гласно) и да го практикуваме сексот, тоа е дел од нашата човечност: „Сексот е здрав сегмент од животот, и дел од звучната слика за животот“, вели Кернер. „Ги слушаме соседите на спратот над нас како чекорат, ги слушаме соседите кои се караат и викаат. Ги слушаме децата на соседите кога се дерат и плачат. Кога ги слушаме соседите кога се караат и водат љубов, тоа е само уште еден сегмент од звучната слика кој мораме да го толерираме во своето урбано окружување“.

Broadly го контактирал шведскиот министер за здравје лично, и тој ги потврдил своите оригинални твитови, и рекол дека оваа тема е поширока од начинот на кој се практикува сексот. „Тука не се работи навистина за бучниот секс, туку за општата благосостојта“, напишал Викстром во мејлот до Broadly. Според резултатите од анкетите, бројот сексуални односи на партнерите во текот на еден месец опаднал за 24 проценти во текот на последните 20 години. „Се разбира дека тоа е само избор на луѓето, Викстром не би имал проблем со тој пад. Но, тој вели дека тој пад „често е поврзан со пристисокот, стресот, и тоа што луѓето мислат дека не достигнале одредена идеална телесна градба. Ние сме човечки битија, и интимноста ни е потребна“.

Кернер претчувствува дека изјавите на Викстром помалку зборувале за одреден чин, а повеќе за културолошките импликации. „Мислам дека шведскиот министер сакал да каже дека е подобро да се живее во општество во кое луѓето ќе имаат секс и со вревата ќе ги нервираат своите соседи, отколку да се живее во општество во кое луѓето не практикуваат секс“.

Илустрации: Ellie112 (Olga) 

Извор: http://www.vice.com