1013 hPa
78 %
20 °C
Скопје - Пон, 09.09.2024 07:59
Во рамки на фестивалот за мали фикции ДРУГА ПРИКАЗНА, (28-30 јуни, Скопје, Парк на франкофонијата), ќе се одржaт и две работилници.
Првата работилница е за пара вести, форма која одамна е популарна во светот, а последниве години достигна огромна популарност како во регионот, така и во Македонија.
Целта на работилницата е учесниците да се запознаат со различните аспекти оваа сатирична, паракнижевна форма - хумористичната, забавната, но и активистичката страна на пара вестите.
На работилницата, која ќе ја води Иван Шопов, учесниците ќе бидат запознаени со најзначајните примери на пара вести од светот, регионот и од Македонија, а потоа и самите ќе пишуваат пара вести.
* * *
Втората работилница, Книжевноста како игра, ќе биде посветена на неколку алтернативни, експериментални и игриви начини на креативно пишување – колективно создавање книжевен текст преку надреалистичка игра (т.н. прекрасен труп), пишување со cut up техника - сечкање зборови од некнижевни текстови и нивно комбинирање во книжевна форма, како и други начини на креативно пишување преку игра.
Учесниците ќе бидат запознаени со основите на овие книжевни техники и начини за пишување, а потоа и самите ќе учествуваат во пишување „прекрасен труп“ и cut up текстови.
Оваа работилница ќе ја водат Никола Гелевски, Драган Протиќ и Владимир Лукаш.
* * *
Заинтересираните за учество на двете работилници можат да се пријават на мејлот drugaprikazna@gmail.com
и треба да ги испратат следните информации:
-Име и презиме
-Возраст
-Телефонски број за контакт
Работилницата за пара вести ќе се одржи на 29 јуни, во ГЕМ Клуб (Стара чаршија, над Менада), во 15 часот, а работилницата „Книжевноста како игра“ ќе се одржи на 30 јуни, на истата локација во 15 часот.
Рокот за пријавување е 27 јуни.
* * *
Резултатите од работилниците ќе бидат претставени на Фејсбук страницата на фестивалот ДРУГА ПРИКАЗНА, како и на порталот Окно.