(Видео) „Економско насилство - несвесни за него, иако секојдневно со него“ - предавање на Бранимир Јовановиќ

22.12.2016 01:14
(Видео) „Економско насилство - несвесни за него, иако секојдневно со него“ - предавање на Бранимир Јовановиќ

На 26 ноември во рамките на КРИК фестивал за критичка култура се одржа предавање на Бранимир Јовановиќ со наслов „Економско насилство - несвесни за него, иако секојдневно со него“ и разговор со Петар Гошев и Кристина Ампева.

„Со насилството се соочуваме кога гледаме бездомници одејќи на работа. Кога гледаме мали деца што просат, наместо да одат во училиште. Го доживуваме кога некој наш близок умира бидејќи нема пари за на лекар. Го искусуваме кога сме ограбени од некој што живее во сиромаштија и станува криминалец за да преживее. Го гледаме кога родителите на нашиот пријател умираат во поплавата затоа што немаме пари за канали, но имаме за споменици. Го гледаме кај шивачките кои се принудени да работат дење и ноќе, во нечовечки услови, за 150 евра месечно, во фабрики на типови што возат коли од 100 000 евра.“

Бранимир Јовановиќ раскажува неколку приказни за економското насилство, елаборира како тие се поврзани со постоечките економски структури и заедно со Петар Гошев и Кристина Ампева дискутираат како треба да се променат овие структури.

Извор: Крик - фестивал за критичка култура