Гебелсовските пропагандни трикови на режимот

16.03.2017 02:44
Гебелсовските пропагандни трикови на режимот

Ме фасцинира, од социолошки и психолошки аспект, како ДПМНЕ успева пак, и пак, да нè зароби во своите пропагандни трикови.

Овојпат им ја одигруваме играта на „патриотизам“ и се заплеткуваме објаснувајќи дали треба или не да се изучува друг јазик, што значи патриотизам, бла, бла...

Значи, пробуваме да полемизираме и да се правдаме пред криминалци, чии злодела се документирани во снимки, против кои се водат судски процеси, кои меѓународната заедница ги исклучува, кои официјално ни украдоа една милијарда евра за СК 2014, кои направија 600.000 луѓе да побегнат од државата, кои ни го загадија воздухот, ни ги исекоа шумите, го уништуваат најстарото езеро во Европа и системски го ништат народот и државата кои ги „бранат“.

Полемизираме и се правдаме за „македонштина“ со луѓе кои зад грб прифатија амнестија на Хашките случаи и за кои исто е јавно документирано дека ги прифатија сите барања (освен СЈО) од платформата која наводно сега ја отфрлаат.

Ако продолжиме уште малку да им ја прифаќаме реториката, целосно од јавниот дискурс ќе ја снема главната вистина - дека се криминалци кои мора да одат во затвор.

И за ова, секоја им чест. Гебелсовски, онака.

П.С.

Малку потсетување околу тоа што ДПМНЕ прави за македонскиот јазик:

- Бројот на македонските лекторати во светот постојано се намалува. Така, во 2009 година по 40 години работа се затвори лекторатот во Неапол, а во тешки финансиски услови и со минимална и неорганизрана поддршка од државата функционираат уште 11 лекторати.

- Во 2011 година сакаа да ги стават во мирување Катедрата за македонски јазик и Катедрата за книжевност.

-Од 2013 година до денеска не е одржан ниту еден лекторски испит.

- Во последните 10 години на Катедрата за македонски јазик е вработен само еден помлад асистент.

- Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од 1998 година нема ниту едно ново вработување на научен кадар.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Свирачиња

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото