ВМРО повеќе од деценија бега од дискусија!

03.05.2017 13:57
ВМРО повеќе од деценија бега од дискусија!

Затоа што гледам дека поддржувачите на вмровската мафија леат крокодилски солзи кој бил проблемот и зошто се бегало од „дискусија“ во Собранието, еве да одговорам најхронолошки можно.

Прво, од дискусија во Собранието бега ВМРО. Дискусијата подразбира одредена тема на која се дискутира, на која конкретно во Собранието, по извезен разумен рок се гласа и одлучува мнозинство пратеници. Знаете која беше темата на дискусија во Собранието? „Избор на комисија на избор и именувања“. Дали кој било од овие што „дискутираа“ зборуваше за тоа? НЕ. Зборуваа и реплицираа со готови напишани пораки на сосема друга тема која воопшто не е отворена! Можеле исто и рецепти за пача да си кажуваат. Баш напротив, ако не се лажам, мнозинството се сложи претседател на Комисија за избор и именувања да биде Илија Димовски, од ВМРО-ДПМНЕ. Како гест на добра волја, на што им беше возвратено со сталаци по глава. Значи, ТОКМУ ВМРО ја спречи дискусијата за изборот на претседател на Собрание. На таа дискусија можеби ќе се утврдеше дека Талат Џафери можеби не е најдобриот кандидат, а можеби на истата ќе требаше да објаснат зошто истиот кандидат го поддржале да биде министер за одбрана.

Второ, од дискусија во Собрание бега ВМРО, не само сега туку континуирано, повеќе од деценија. Стотици, па можеби илјадници закони се донесени по итна постапка, со минимални можности за дебатирање. Еден од тие закони ги помилува хашките случаи. Опозицијата во најдобар случај се игнорира, а во најлош случај се брка на клоци од Собрание.

Трето, од дискусија надвор од Собрание бега ВМРО, затоа што откако оневозможија нормална дебата во Собранието и другите институции, ја оневозможуваат дебатата во општеството преку затворање медиуми, новинари, бркање од работа на неистомисленици, а нас обичните смртници што не свиткавме кичма, со секакво етикетирање од „богохуљи“ (2009) преку „комуњари“, „соросоиди“, „предавници“ и најновото што го слушнав е „славобалисти“. Секако дека ова не би го забележале, ако главно гледате фудбал наместо претепување на студенти и ваши другари од полицијата (истата полиција која сега отвори врати за крвав линч на пратеници).

Четврто, од дебата, дискусија и дуели бега токму лидерот на вашата партија кој НЕ СЕ ПОЈАВИЛ НА НИЕДНА ДЕБАТА ВЕЌЕ ПОВЕЌЕ ОД ДЕЦЕНИЈА и кој преферира да се крие зад „народот“ во удобноста на Виена.

Слушнав дека, ете, сега нешто се думал да се појави, па да порачам дека е ПРЕДОЦНА за тоа. Единствена дебата која тој може да ја води по четвртокот е на суд.

А вие, драги мои „пријатели“ што оправдувате и релативизирате вакво насилство и убијци, би ценел ако се држите на страна од мене.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: ШкАрт