Орегон е првата држава во САД која ќе понуди трета опција за родот на личните документи

17.06.2017 15:56
Орегон е првата држава во САД која ќе понуди трета опција за родот на личните документи

На луѓето кои не се идентификуваат ниту како мажи ниту како жени, Орегон ќе им понуди трета родова опција на документите за идентификација.

Орегон во четвртокот стана првата држава во САД која нуди ваква опција.

Промената која беше одобрена од државната комисија за транспорт им дозволува на граѓаните да селектираат „Х“ доколку не сакаат да го специфицираат родот, кој е прикажан на личните карти и возачките дозволи.

Новото правило е предвидено да стапи на сила на 3 јули.

Орегон е прилично прогресивна држава во однос на ЛГБТ+ прашањата. Во ноември, државата стана прва во земјата каде на изборите победи гувернерка, припадничка на ЛГБТ+ заедницата – Кејт Браун, бисексуална жена, која првично служеше како гувернерка во 2015 по оставката на претходниот гувернер.

Иако Орегон е прва држава во САД која ја нуди оваа опција, „Х“ исто така се користи во Австралија, Нов Зеланд и канадската провинција Онтарио.

Калифорнија би можела да биде следната држава, со оглед на тоа дека во моментов се разгледува предлог-закон што ќе им овозможи на граѓаните да се идентификуваат како небинарни на сите официјални документи издадени од државата, вклучително и на изводите од матичната книга на родените.

Извор:https://www.queer.mk

САД / квир / права / Орегон / лгбт+