Тие пари што ги зел Ѕинго од СДСМ, верувајте, му се најгорчливи во животот!

01.11.2017 12:01
Тие пари што ги зел Ѕинго од СДСМ верувајте му се најгорчливи во животот

Заев не згреши што се рекламираше на Сител со 125 000е; сите демократски средства се применија за да се дотепа ГРУЕВИЗМОТ, а и ЅИНГОВИЗМОТ!

СДСМ му дал на Сител 125000е, за тоа плаче пола Твитер и Фејсбук денеска.

Па луѓе бе, па овие мочани за Ѕинго бедни 125000е му се најгорчливите пари што ги заработил во животот.
Сител не ни сакаше да го рекламира СДСМ, ама мораше според законот, иначе ќе беа казнети!

Со тие реклами и со сè друго што примени СДСМ, се дотепаа Груевизмот и Ѕинговизмот за навек! Дури Ѕинго го изгуби и Кратово како што Грујо ја изгуби Македонија!

Сега на ред се затвори, заплена на имот, казни, а да не збориме за тоа што Сител остана без десетина милиони евра годишно од владини кампањи и од јавни претпријатија

Затоа не се нервирајте, Ѕинго тек има да го јаде а ние тек има да се радуваме на успесите на СЈО, новото ОЈО, и успесите на МВР и владата.

Не си расипувајте расположение...

Инаку и ВМРО ДПМНЕ се рекламираше на Плусинфо, Либертас, Кожувчанка се рекламираше на Мактел, со тие пари ја ставав гориво за да ги бркам Ивица Конески, Захариев, оној копук во Демир Капија, значи сè е ок, фирмите и партиите се рекламираат за да продадат порака, сè во рамките на законот, но тоа никого не купува и приказната е многу поголема од онаа што навидум така ни се чини.

Значи да резимираме, Ѕинго зел 125000е од СДСМ, СДСМ ги пласираше своите кандидати пред 300000 народ што ја гледа Сител, ама Ѕинго ќе изгуби милиони а по сè изгледа и слободата на долг рок за пљачката што ја има направено и за што слушавме во бомбите!

 

Слики: Свирачиња