Магазинот NOMADS.mk ќе биде промовиран со изложба на 12 уметници

27.12.2017 10:43
Магазинот NOMADS.mk ќе биде промовиран со изложба на 12 уметници

Изложбата со наслов „Ументикот како номад“, која воедно е и промоција на онлајн-магазинот NOMADS.mk, ќе се отвори вечерва (27 декември) во „Јавна соба“ од 20 часот.

Креаторите го претставуваат NOMADS како идеја, концепт, замисла, односно како начин на живеење ослободен од фиксираноста.

„NOMADS е магазин за оние во постојано движење, кои не поминуваат повеќе од ден-два закотвени на една локација, а на кои им е потребна достоинствена информација за локалната културна сцена. Интервјуа, претставувања, уметност, музика, филм, здрав живот, литература, гастрономија, вино, фотографија, патување, односно сè она што би требало да го интересира еден дигитален номад. Започнавме пред три месеци, а сега е вистинскиот момент магазинот јавно да го претставиме, да се видиме и запознаеме“, истакнуваат од тимот на NOMADS.mk.

Преку изложбата „Ументикот како номад“ на промотивниот настан ќе бидат претставени дела од неколку уметници, кои во онлајн-магазионот се застапени во рубриката NOMADS-уметник. Секој од нив ќе се претстави со едно дело.

На изложбата „Ументикот како номад“ учествуваат: Ана Јовановска, Ѓорѓе Јовановиќ, Ангел Миов, Марија Сотировска, Маја Кировска, Тони Димитров, Ана Ивановска, Славица Михаилова, Ивана Дукоска, Страхил Петровски, Јасмина Трпевска и Тино Сотировски.

„Некои од уметниците се веќе етаблирани академски уметници, други се млади што сега го трасираат својот пат низ уметничката кариера, а трети се креативни ентузијасти, со што на оваа изложба се обидуваме да ги измешаме пристапите, концептите, но и стиловите и техниките, создавајќи своевиден еклектичен уметнички амалгам“, информираат организаторите.

 

 

Слични содржини

Фотографија / Култура / Уметност / Настан / Око

ОкоБоли главаВицФото