Сиромашна жена учи да пишува

27.12.2017 14:38

Клечи, боса,
нозете раширени, нималку
грациозно; здолништето стуткано околу глуждовите.

Лицето ѝ е збрчкано и испукано.
Изгледа старо,
постаро од што и да е.

Ќе да има триесетина.
И рацете ѝ се збрчкани и испукани,
Несигурни. Косата ѝ е покриена.

Пишува со стапче, вредно црта
по влажната сива почва,
се мурти од грижа.

Големи печатни букви.
Ете. Заврши.
Нејзиниот прв пишан збор.

Не ѝ паѓаше на ум дека го може тоа.
Никако.
Пишувањето беше за други.

Го крева погледот, се смешка
божем се извинува,
но не. Не овој пат. Стори како што треба.

И што вели калта?
Нејзиното име. Нечитко е за нас.
Но се насетува. И се чита од лицето:

Цветанка? Весела? Сончица?

Превод: Зоран Анчевски

 

ОкоБоли главаВицФото