2017: Светот виден низ фотографии

31.12.2017 03:05
2017: Светот виден низ фотографии

Сумирањето на годината што изминала во нешто повеќе од триесет фотографии се чини дека е невозможна мисија. Па сепак, и покрај тоа, одлучивме да направиме фотографска ретроспектива на 2017-та, обидувајќи се да ја задржиме рамнотежата помеѓу големите политички потреси и малите, обични човечки приказни.

 

Доналд Трамп танцува со неговата сопруга Меланија на инаугурацискиот бал, 20 јануари 2017. Фото: Стивен Кроули

Жени рано наутро чекаат вода за пиење во камп за раселени лица, Бентиу, Јужен Судан, 10 февруари 2017. Фото: Тајлер Хикс

Луѓе се собираат да им оддадат почит на жртвите во терористичкиот напад на Мостот Вестминстер, Лондон, 23 март 2017. Фото: Сергеј Пономарев

Мајка го оплакува својот син, убиен од припадниците на Исламска држава, Мосул, Ирак, 22 март 2017. Фото: Ивор Прикет

Изложените останки на Осамениот Џорџ, кој почина во 2012, на 100 години. Неговиот вид изумре со него; 2 март 2017, Санта Круз, Галапагос. Фото: Меридит Кохут

Крв во коптска црква во Египет, по извршен терористички напад во кој загинаа 45 лица, 9 април 2017, Танта, Египет. Фото: Нариман Ел-Мофти

Демонстранти преземаат контрола врз главната улица во Каракас, Венецуела, 26 мај 2017. Фото: Меридит Кохут

Поддржувачи на Емануел Макрон слават по неговата победа над десничарската противничка Марин Ле Пен, Париз, 7 мај 2017. Лоран Циприани

Ученици играат голф, Вест Килбрајд, Шкотска, 23 јуни 2017. Фото: Киеран Додс

Шерил Стјуарт користи ретровизор од мотор за да се нашминка пред Маршот на гордоста во Њујорк, 25 јуни 2017. Фото: Хилари Свифт

Ирачки војници згрижуваат момче изнесено од воена зона под контрола на Исламска држава, Мосул, Ирак, 12 јули 2017. Фото: Ивор Прикет

Осумгодишно девојче се подготвува за операција на десното око, поради катаракта предизвикана од вирусот на ебола, Фритаун, Сиера Леоне, 31 јули 2017. Фото: Џејн Хан

На расистички собир, возач влета во група контрадемонстранти, убивајќи жена и повредувајќи деветнаесет луѓе, 12 август 2017, Шарлотсвил. Фото: Рајан М. Кели

Деца покрај ковчегот на нивниот 17-месечен братучед, кој умрел од неухранетост, Сан Казимиро, Венецуела, 21 август 2017. Докторите во земјата забележале рекорден број на прегладнети деца. Фото: Меридит Кохут

Полицајци се обидуваат да спасат момче во шиитска џамија која била цел на терористички напад, Кабул, Авганистан, 25 август 2017. Фото: Омар Собани

Бегалци се симнуваат од рибарски брод во Бангладеш, 14 септември 2017. Фото: Адам Дин

Петнаесетгодишна девојка која добила наредба од Боко Харам да изврши самоубиствен напад врз касарна. Наместо тоа, таа успеала да ги убеди војниците да ја разоружаат. Маидугури, Нигерија, 21 септември 2017; Фото: Адам Фергусон

Актерката Роуз МекГоуан зборува за движењето #MeToo против сексуално вознемирување и напади за време на Женската конвенција, Детроит, 27 октомври 2017; Фото: Ерин Киркленд

Момче од малцинството Рохинџа во бегалски камп, го покажува својот цртеж за борбата против етничкото чистење во Мјанмар. 5 октомври 2017. Фото: Сергеј Пономарев

Жена во Барселона носи каталонско знаме додека чекори на улица полна со расфрлани гласачки ливчиња од референдумот за независност на Каталонија, 1 октомври 2017. Фото: Емилио Моренати

Војник качен на тенк го слави падот на претседателот Роберт Мугабе во Хараре, Зимбабве, 21 ноември 2017. Фото: Марко Лонгари

Фотографија на Антонион Жулем, која стана планетарно популарна и беше основа за милиони мемиња на социјалните мрежи. (Фотографијата не е датирана)

Деца си играат со спинери во Ашдод, Израел, 11 мај 2017. Фото: Амир Коен

Месечината предизвикува целосно затемнување на сонцето (Ајдахо, 21 август 2017). Фото: Ото Кицингер

Кристијано Роналдо пред своја статуа на аеродром во Мадеира, 29 март 2017. Фото: Армандо Франка

Скејтер во близина на оган запален од антивладините демонстранти во Рио де Жанеиро, Бразил, 15 март 2017. Фото: Марио Тама

Жена во Аибонито, Порторико, позира пред својот дом уништен од ураганот Марија, 11 октомври 2017. Фото: Марио Тама

Татко со својот едногодишен син во засолниште за настраданите од ураганот Марија. Тие позираат пред новогодишна елка; Тоа Баја, Порторико, 25 декември 2017. Фото: Марио Тама

Човек ја коси тревата во својот двор за време на торнадо во Алберта, Канада, 2 јуни 2017. Фото: Сесилија Веселс

Украински војник вежба со тегови направени од гранати; 16 октомври 2017. Фото: Сергеј Ваганов

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун го гледа лансирањето на ракетата Хвасонг-12, 16 септември 2017. Фото: Ројтерс

Хосни Ара, четиригодишно дете-бегалец од малцинството Рохинџа, слуша песни за деца во бегалски камп во Бангладеш, 5 ноември 2017. Фото: Хана МекКеј

Осумдесет и тригодишниот Освалдо Лемас на поле со тутун во провинцијата Пинар дел Рио, Куба, февруари 2017. Фото: Александре Менегини

Луѓе се поврзуваат на интернет пред hotspot во Хавана, Куба; 19 јануари 2017. Фото: Александре Менегини

Јусуф, единаесетгодишно момче од Сирија, работи во фабрика за текстил во Турција. Тој е најстаро дете во семејството, работи од 8 наутро до 19 часот навечер, и заработува околу 150 долари месечно. Фото: Алесандро Пенсо

Авганистанско момче спие во напуштен вагон во близина на главната железничка станица во Белград, Сријба; 12 јануари 2017. Фото: Франческо Пистили

Светулки во шумата во близина на Санта Клара, август 2017. Фото: Кирстен Лус

 

 

Извори: The Atlantic, The New York Times, The Guardian, Reuters, TIME, Natioal Geographic

Слични содржини

Фотографија / Свет
Фотографија / Свет
Фотографија / Свет
Фотографија / Свет
Фотографија / Свет

ОкоБоли главаВицФото