Почина Мирослав Стојановиќ – Шуки

12.01.2018 11:26
Почина Мирослав Стојановиќ – Шуки

Почина Мирослав Стојановиќ – Шуки, академски сликар, мултимедијален уметник и активист. Неговата смрт настапи ненадејно, на 10 јануари. Имаше 54 години, објави Цивил.

„Шуки беше наш голем уметник и активист. Тој беше долгогодишен член на Извршен Комитет на Цивил и директор на организациската единица за општествено-политички одговорна и критичка уметност и култура Цивил Арт“, објавија од Цивил. 

Во просториите на организацијата ќе биде отворена книга на жалоста во  денеска, во 12 часот.

 

ОкоБоли главаВицФото