За Роман на годината 2017 ќе се натпреваруваат 27 книги

19.01.2018 04:14
За Роман на годината 2017 ќе се натпреваруваат 28 книги

Дваесет и осум книги ќе учествуваат во изборот на Роман на годината за 2017 година. Тие се пријавени на конкурсот кој траеше од 15 декември до 15 јануари, годинава првпат во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Од 1999 година до минатата 2017 година конкурсот за најдобро дело во македонската романескна продукција го организираше редакцијата на Утрински весник. По неговото згаснување, традицијата ја продолжува фондацијата „Славко Јаневски“, која го соопшти списокот на романи во официјална конкуренција:

1. „Крадец на воздишки“ – Александар Алексов, самостојно издание
2. „Некои бладања од војната “ – Митко Апостолов, „Култура“
3. „Круг“ – Димитар Башевски , „Слово“
4. „Патешествие низ виденијата на апостол Јован“ – Мите Гошев, самостојно издание
5. „Манастир Фуентерабија“ – Јагода Михајловска Георгиева, „Три“
6. „Заспаните убавици“ – Сашо Димовски, „Култура“
7. „Се врати каде што припаѓаше“ – Марија Ѓорѓиоска, „Макс Поинт“
8. „Се гледаме наскоро Е.“ – Драгана Евтимова, Владимир Лукаш, „Антолог“
9. „На брегот на Еуфрат“ – Родна Јанчева, самостојно издание
10. „Палмата“ – Марија Митруловска, самостојно издание
11. „Љубовникот на Ленин“- Блаже Миневски, „Матица македонска“
12. „Се буди ѕверот“ – Велко Неделковски, „Антолог“
13. „Пешаци по црни полиња“- Оливера Николова,„Матица македонска“
14. „Емигрантка“ – Ирена Павлова де Одорико, „Феникс“
15. „Одбројување“ – Фросина Пармаковска, „Или – или“
16. „Безимениот“- Петар Петрески, „Панили“
17. „Земјотрес 05:17“ – Владимир Плавевски, „Македоника литера“
18. „Романот за тајната книга“ – Јордан Плевнеш, Маја Јакимовска Тошиќ, „Магор“
19. „Апокалипса.мк“ – Бранко Прља, „Готен“
20. „Тајното братство “- Мимоза Ристова, самстојно издание
21. „Диссомнии“- Игор Станојоски, „Антолог“
22. „Граница“ – Луан Старова, „Три“
23. „Ананка“ – Јусуф Сулејман, „Антолог’
24. „Лузна“ – Јанко Филиповски, самостојно издание
25. „Годините кога научив да летам“, Евгениј Хоуп, „Матица македонска“
26. „Војници со гумени чизми“, – Ивица Челиковиќ, „Три“
27. „Пред шарена врата“ – Крсте Шутиновски, самостојно издание

Петчлено жири ќе ги разгледува книгите во трка за наградата и ќе направи потесен избор, а добитникот на Роман на годината за 2017-та ќе биде соопштен на 15 март.

Извор: Слободен печат