Филипче е достоен ученик и наследник на својот ментор Тодоров

05.02.2018 03:02
Филипче е достоен ученик и наследник на својот ментор Тодоров

Новиот министер за здравство (другар му на прочуениот министер за здравство Тодоров) ни соопшти дека главен виновник за енормно големата смртност на доенчиња ва Република Македонија се - мајките.

„Смртноста е последица на несоодветната грижа на мајката за своето здравје, додека е бремена. Сите податоци укажуваат дека најголем процент од починатите бебиња се предвремено родени. Работиме напорно да ставиме крај на црната статистика“ - вели Венко Филипче, министер за здравство.

- Свеста кај дел од жените е на многу ниско ниво. Исто така, за жал, одењето на гинеколог, на редовни прегледи за некои жени и натаму е табу тема - рече министерот за здравство.

За предвременото породување не е крив стандардот (недоволно храна, несоодветни услови за живот, неможност да се набават сите потребни витамини и потребни препарати), туку, ете, жените не се грижат за сопственото здравје.

Не е криво загадувањето на воздухот и водата и прехранбените продукти. Не. Криви се жените што не водат сметка за своето здравје.

Не е крива државата која не обезбедува соодветна здравствена поддршка на бремените жени. Не.

Виновни се жените кои не водат грижа за сопственото здравје.

Не се криви лекарите кои имаат сè помалку знаење. Не. Виновни се жените кои не се грижат за сопственото здравје.

Не се виновни болниците кои се наоѓаат во трета фаза на распаѓање, во кои царува нехигиената, во кои одиш да се разболиш наместо да оздравиш. Не.

Виновни се жените кои не се грижат за сопственото здравје.

Филипче е достоен ученик и наследник на својот ментор Тодоров.

Срам да ви е, СДСМ, и срам да ви е мои шарени другарчиња кои го изгласавте без око да ви трепне.

Извор: Фејсбук профилот на авторката