Girls burnt out

20.03.19 01:41

Girls burnt out
(Јас и Бјанка на плажа минус ти)

На плажата стасавме доцна попладнето. Беше толку жешко, што пластиката од очилата за сонце се топеше и се растекуваше врз лепливите зрнца песок што леткаа наоколу притиснати од апостолките, атмосферата, влажноста и плус некои фактори за побрзо потемнување.

Ќе пливаш? Ме праша Бјанка.

Мислам не денес. Одговорив и се испружив врз малото чергиче од слама што го купив минатата година од пазарот во Струга.

Зошто?

Не знам. Сакам да дремнам малку. Ја излажав.

Всушност, ми беше срам да го облечам костумот за капење на кој имаше нацртано жена со седум цицки, два носа, неколку обратни колкови и пет задника, како јаде сладолед со вилушка и пие кока кола без шеќер. Немав волја по стоти пат да го почнувам истиот муабет за кубизмот. Требаше да одберам некој безличен костум, ќе бев раат.

Слики и текст: Будимска Поповска

ОкоБоли главаВицФото