Скопје Прајд 2019: Вашето присуство е најсилна поддршка!

28.06.2019 12:53
Скопје Прајд 2019:  Вашето присуство е најсилна поддршка!

Информации во пресрет на утрешното одржување на првиот Скопје Прајд за деталите околу одвивањето на овој настан и за соодветните безбедносни протоколи:

11.00-11.45 - Пристигнување на учесниците во паркот Жена Борец
12.00-13.00 - Марш до Градски парк
13.00-13.30 - Обраќања на активисти и претставници на граѓански организации и институции
14.00-16.30 - Музичка програма

Влезната точка за учесниците на Скопје Прајд и акредитираните новинарски екипи ќе биде лоцирана во Паркот Жена Борец, од страната на Порта Македонија. На посебни пунктови ќе може да се подигнат алките и новинарските акредитации. Прес корнерот за снимање изјави ќе биде лоциран на крајната дестинација на Прајдот, во близина на Школка во Градски парк.

Со цел да се обезбеди непречен влез во предвидената рута, инсистираме да не се носат стаклени и остри предмети, пиротехника и балони. Во спротивно, истите ќе бидат одземени од страна на обезбедувањето.

Во оваа прилика повторуваме дека Скопје Прајд е протестен марш, кој има за цел да го сврти вниманието на јавноста кон нееднаквоста со која живеат ЛГБТИ луѓето во нашата земја. Поради стигмата, неприфаќањето и насилството со кое ЛГБТИ заедницата секојдневно се соочува, вашето присуство ќе претставува највидливата и најсилната поддршка која може да ја дадете.

Со почит,
Организационен одбор на Скопје Прајд 2019

 

Контакт: Ирена Цветковиќ (070 591 311), Павлина Симоноска Арсиќ (072 228 350)