1008 hPa
81 %
7 °C
Скопје - Вто, 10.02.2026 19:59
Двајцата ја гледаа големата карта на ѕидот.
Третиот гледаше низ прозорецот.
Потоа двајцата го преместија прозорецот
и го залепија врз картата.
Третиот остана во празниот прозорец.
Кога се свртија двајцата накај третиот
тој веќе беше станал карта обесена
високо на небото. Ветрот го вееше
и одвреме-навреме крцкаа неговите страни.
Тогаш се согласија тројцата без препир
за важноста на музиката и на метаморфозите.
Превод: Паскал Гилевски