Новинари папагали

14.11.2019 01:24
Новинари папагали

„Во 19-от век, фетишизмот кон фактите бил оправдуван со фетишизмот кон документите“, пишува Е.Х. Кар (E.H. Carr) во книгата „Што е историја?“ од 1961 година. „Но ниту еден документ не е поважен за читателот од она во коешто верувал авторот на документот – што според негово мислење навистина се случило, што требало да се случи или можело да се случи, или можеби само она што авторот сакал да веруваме дека е негово мислење...Фактите – оние од документите, како и сите останати, пред употребата мора да се обработат“.

Може да се каже дека новинарите во 21-от век имаат нов фетиш, а тоа е фетиш кон цитатите. Кога зборуваат моќниците, многу новинари едноставно ги пренесуваат нивните зборови. Наместо да настапуваат како критички соговорници, тие се портпароли. Како да е вест самото тоа што политичарот нешто кажал. Ќесто ги цитираат без и најмала дистанца, интервенција или критика. Таквите цитати тогаш влегуваат во крвотокот на социјалните мрежи презаситен од кофеин. Како новинарстовото денес да се сведува на собирање и пренесување изјави, без верификација, истражување на поширокиот контекст и толкување.

Ако идентитетот на изворот е изоставен – „високо позициониран извор во Даунинг стрит 10“, ризикот од претворање на новинарите во соработници и соучесници е уште поголем. Давајќи му глас на некој кој останува неименуван и оттаму недостапен, новинарите им отвораат простор на актери со агенда да работат на спроведување на својата политичка програма не прифаќајќи одговорност за искажаното. Неспособноста да се разликува силата на увидот и силата на положбата, аналитичките моќи и привилегираниот пристап до информации, некои новинари ги наведува да се стават во служба на политичката машинерија наместо да известуваат како функционира таа машинерија.

Токму тоа се случи на половината на октомври, кога во Даунинг стрит сфатиле дека владата веројатно ќе победи во второто гласање за нацртот на Џонсон, но ќе изгуби во гласањето за почнување програма, што значи дека ќе мора да се согласи на долг рок на парламентарна расправа. „Извор од Даунинг стрит“, не се знае кој, им кажал на новинарите дека ако владата изгуби во изјаснувањето за почетокот на програмата ќе го поввлече својот нацрт и ќе бара предвремени избори. Новинарите пишуваа за тоа на Твитер како да е готова работа.

Тоа произведе реални ефекти. Парламентарецот Оливер Летвин, кој ја изгуби позицијата на водач на Ториевците во парламентот заради неговото противење Британија да излезе од ЕУ без договор, се вклучи во дискусијата на Твитер: „Сериозно сум загрижен заради можноста владата да го повлече нацртот ако предлогот за почнување на програмата не пројде што и да мислиме за тој предлог“.

Самиот Борис Џонсон дотурка толку далеку расфрлајќи се со закани на сите страни: успеа да натера доволен број на тврди заговорници на Брегзит да поверуваат дека ги чека нов референдум ако не го прифатат неговиот предлог, а оние кои би останале ги убеди дека ако го одбијат она што тој го предлага – нема да има никаков договор.

На тоа тенко и несигурно влакно висеше целата негова стратегија да го протурка изложениот план до 31 октомври, рокот што самиот го одреди. Сепак соочена со можноста за пораз, владата не го повлече својот нацрт. Едноставно го паузираше процесот. Тоа беше само празна закана. Донекаде убедлива ја направи некритичкото пренесување на изјавата на анонимниот извор.

Се разбира, тој вид манипулација со медиумите не го измислил Борис Џонсон, но со оглед на тоа што е познат по безочно лажење, медиумите во овој случај направија сериозна грешка. А бидејќи нè чекаат избори, не би било лошо критички да се преиспита улогата на новинарството во нашиот политички живот.

По промашените прогнози на резултатите на изборите во 1992 и 2015 година, индустријата на истражувањето на јавното мислење сфати дека е загрозен угледот на професијата, па спроведуваше истражувања со цел да се утврди каде била грешката. По војната во Ирак, неколку медиумски куќи, вклучувајќи ги Њујорк тајмс и Вашингтон пост, објавија темелни внатрешни истраги за тоа како и зошто новинарите погрешно ги протолкувале очигледните подготовки за војна и обвиненијата за поседување оружје за масовно уништување. Наспроти редица евидентни промашувања, британските медиуми не поминаа низ сличен процес.

Многу од последиците на нееднаквоста кои се очигледни на примерот на нашата политичка класа, нејзината концентрација во Лондон, расните предрасуди – се репродуцираат во медиумската класа задолжена да ја обликува онаа важна работа која Грамши ја опишуваше како доминантен облик на „здрав разум“. Годинешниот извештај на Траст Сатон и Комисијата за социјална мобилност покажува дека повеќе дипломирани студенти од Оксфорд и Кембриџ пишуваат колумни отколку што седат во парламентот. Тоа се две популации кои го утврдуваат консензусот за тоа кој и што се навистина важни. За оние кои се наоѓаат надвор од нивниот балон од сапуница, тие известуваат на начин што е поблизок на антропологијата отколку на новинарството.

Последиците беа видливи на општите избори во 2017 година, кога очекуваниот катастрофален пораз на лабуристите беше прикажан не како прогноза, туку како готов факт кој само чека да се случи. Неколку минути пред затворањето на избирачките места, Пиерс Морган ја напиша на Твитер својата прогноза: „Конзервативците ќе го освојат мнозинството со 90 – 100 места“. Четири минути подоцна, уредникот на политичката рубрика на весникот „San“, сподели на Твитер: „Се зборува дека ториевците би можеле да освојат дури 400 места“. Кога анкетите за излезност покажаа дека парламентот ќе остане поделен и дека лабуристите освоиле поголем број гласови и пратенички места отколку што се очекуваше, одговорот гласеше: „Добро, да се вратиме сега во студиото за да оние што погрешија во сите свои досегашни анализи, ни кажат што ќе биде понатаму“. Истите луѓе и натаму се пред микрофоните. Никој не ги повика на одговорност. Останаа на работата на прогонозирање на нашата иднина.

Не им е доволно она малку посипување со пепел по дебаклот. Коментаторите не беа задоволни што погрешиле во прогнозите, како да им е работа да ја предвидуваат иднината. А не е. Најголемиот проблем е што сопственото окружување тие го прикажуваат во погрешно светло, зашто ситуациите за кои би требало да известуваат ги филтрираат и обојуваат со сопствените политички предрасуди.

Постојат значајни разлики помеѓу гревот на лежерно пренесување на цитати на неименувани извори, како што тоа го прават неколкумина познати новинари и многу попогубниот пропуст да се испитаат и протолкуваат тековните промени во британската политика. Првото е грев на страшливост и ставот дека довербата на моќниците е поважна од довербата на читателите и гледачите. Проблемот не е во недостигот на скепса: истите новинари беа крајно скептични кога Садм Хусеин тврдеше дека нема оружје за масовно уништување или кога семејството на Марк Дуган твредеше дека тој немал пиштол. Од друга страна, кога имаат работа со луѓето на високи позиции, повеќе се подготвени да погрешат со покажување на вишок доверба или некритична одбрана.

Тоа е последица на хроничен недостиг на љубопитност и хроничен цинизам пред новите предизвици и можности, како и убеденоста дека на претставниците на власта може да им се верува, и на нивните тврдења и начинот на кој ги формулираат важните прашања, па затоа треба да им се даде простор да ги изнесуваат своите ставови без критичко преиспитување, во светот во кој легитимноста и кредибилитетот веќе се во длабока криза.

Со оглед на порастот на бројот на напади врз новинарите, во време кога професијата сè почесто е на мета на авторитарните режими, важно е да ги одбраниме медиумите и луѓето што работат таму од деспотите и популистите. За таа одбрана важно е да ги признаеме своите недостатоци.

Во време на растечка нееднаквост, продлабочени поделби и отсуство на доверба, најделотворни сме кога на моќните им упатуваме предизвици наместо да работиме во нивна корист.

Слики: Thomas Pullin

Извор: The Guardian