Скопскиот јавен превоз за 9 месеци изгубил 530.000 патници

20.11.2019 14:43
Скопскиот јавен превоз за 9 месеци изгубил 530.000 патници

Скопскиот јавен превоз станува сѐ понеатрактивен за користење од граѓаните. Во првите девет месеци од годинава се превезени за 530.000 помалку патници во споредба со истиот период лани.

Градските автобуси од година во година превезуваат помал број патници, при што бројот на граѓани што патувале со градско – приградскиот превоз во Скопје во периодот 2014 – 2018 година е намален за дури 8 милиони патници, покажуваат податоците на ЈСП – Скопје.

 

 

 

Од јануари до септември 2019 година, со јавен превоз во Скопје биле превезени 31,5 милион патници, односно за 1,7 отсто помалку во однос на истиот период од минатата година. Во Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈСП – Скопје за овој период стои дека има намалување на бројот на патници кај сите ставки.

Кај персонализираните билети се регистрирани 296.000 помалку патници, неперсонализирани билети во овој период користеле 209.000 помалку патници, додека бројот на превезени патници во договорениот превоз изнесувал 27.000, или за 24,8 отсто помалку во споредба со јануари – септември 2018 година.

Доколку продолжи ваквиот тренд, скопскиот јавен превоз ќе ја заврши 2019 година со најмал број на превезени патници во последниве шест години. Колку за споредба, градските автобуси во 2014 година превезле вкупно 52,9 милиони патници.

 Извор: Мета.мк

Слични содржини

Општество / Став
Општество / Фотографија / Скопје 1963-2013 / Историја
Општество / Јавни простори
Општество / Активизам / Јавни простори
Општество / Јавни простори
Општество / Јавни простори

ОкоБоли главаВицФото