„Пост-родовост II“ - нова колекција на „Лудус“

25.03.20 11:43

Познатата модна марка „Лудус“ од Скопје, деновиве објави видео од својата новa безродова колекција насловена „Пост-родовост II“. Зад оваа модна марка стои дизајнерот Драган Христов.

Видеото е изработено од Мирослав Илиќ, стајлингот е на Мартина Ивановска, а на проектот асистирале Ивана Секуловска и Никола Шиндре. Модели на ревијата се Ивана Манасиевска од „Моделс ин“, Стефан Анат и Филип Бојковски. Проектот е изработен во Музејот на современата уметност во Скопје, а уметничките дела во позадината се од изложбите „Скопје, одново“ и „Сè што ни е заедничко“.

Извор: Youtube

ОкоБоли главаВицФото