Оливер Спасовски фатил Ковид-19: По пола час вирусот му побегнал

09.05.2020 01:21
Оливер Спасовски фатил Ковид-19: По пола час вирусот му побегнал

Само 30 минути му беа потребни на коронавирусот да се сокрие преправен во обична настинка и незабележан од никого, да му избега на техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Засега не се знае каде тој успеал да дојде во контакт со вирусот и да го фати, но она што е сигурно е дека тоа било сосема случајно и да не се огласеше Ковид-19 после бегството, јавноста немаше да знае за ова.

Премиерот ни рече дека е скандалозно што службите го дозволиле ова, па затоа дал наредба веднаш да спроведе истрага за бегството и вети расчистување на случајот за една до две недели.

Извор: https://www.kooperacija.mk