Австрија го издаде првиот интерполов личен документ

24.07.2020 12:48
Австрија го издаде првиот интерполов личен документ

По четиригодишна правна битка, Австрија го призна интерполовиот идентитет на Алекс Јирген (Alex Juergen) и му издаде извод од книгата на родени и лична карта.

Ова е првпат во историјатана Австрија да биде издаден ваков документ.

Алекс Јирген (42) стана прва личност на која ѝ е признаен интерполовиот идентитет. По историската пресуда на австрискиот Уставен суд, во 2018 година, кога на Јирген му беше издаден пасош означен со родово неутрален „Х“, судот пресуди дека принудувањето интерполовите лица да се идентификуваат со документи што ги присилуваат на бинарен пол го повредува нивното право на приватност според членот 8 од Европската конвенција за човекови права.

Тој момент сепак, не беше целосна победа за Јирген. Федералното Министерство за внатрешни работи на Австрија избра да го наведе полот на изводот од матичната книга на родени на Јирген како „разновиден“, што во суштина би се превело како „друг“. Јирген, кој пред судовите го започна својот случај во 2016 година, се бореше во изводот на родени да биде наведено „интер“, што значи „интерполово“ (intersex).

Две години подоцна, австриските власти конечно потврдија дека му е издаден таков извод, а Јирген наскоро ќе го добие по пошта.

Јуерген, кои живеат во северот на Австрија, велат дека по оваа одлука што долго ја чекале, конечно може да продолжат со своите животи. „Среќни сме што законот и владата конечно го признаа ова, иако многу луѓе не прифаќаат дека може да има нешто друго“.

Мал број земји во светот им овозможуваат на интерполовите луѓе на личните документи да наведат пол кој не е ниту машки, ниту женски. Меѓу тие држави се: Бангладеш, Чиле, Исланд, Индија, Германија, Малта, Непал, Пакистан, Португалија и Уругвај. Австралија и Нов Зеланд им овозможуваат на интерполовите лица да наведат опција за трет пол на пасошите.

Додека Соединетите држави на федерално ниво не ги признаваат интерполовите идентитети, неколку држави дозволуваат луѓето да имаат знак „Х“ на нивните лични документи. Тоа се сојузните држави Калифорнија, Колорадо, Мејн, Њу Џерси, Њу Мексико и Вашингтон.

Интерполовите луѓе, чии полови карактеристики не се вбројуваат во бинарните класификации на полот, се проценува дека претставуваат 1,7 отсто од светската популација.

Извор: them.us

 

Слични содржини

Квир / Книжевност / Теорија
Квир / Живот / Култура / Теорија
Општество / Европа / Балкан
Општество / Европа / Балкан
Активизам / Европа / Квир

ОкоБоли главаВицФото