Една пролет

29.08.2020 12:06

Со пролетта
и зазеленувањето на ластарите ‒
в селото се довлечкаа и чергарите.

Ги зацврснаа
обрачите и коритата
и на сите им ги испозакрпија ситата.

А една чергарка
седната како царица на ледината ‒
на карти ја претскажуваше иднината.

Мајките грабнаа,
некоја жито, некоја јајца и од под квачката ‒
и нè наредија нас, машките, прд гледачката.

Таа, умната,
знаејќи ги скриените желби на мајките ‒
на сите ни претскажа дека ќе бидеме принцови од бајките.

„Ти ќе бидеш доктор,
ти најпрв генерал меѓу генералите
и градите не ќе ти се гледаат од медалите!

Ти ќе бидеш инженер,
ти трговец со магази полни до гредите,
а тебе ќе ти завидуваат и соседите!...“

Мајките слушаа,
на сите топлите срца им се наситија ‒
и со нови дарови вражалката ја накитија...

Не знам подоцна
дали нешто се исполни од кажувањата,
но нејзе ‒ фала ѝ за залажувањата!

Барем таа пролет
низ селските меѓи и калишта
се сноваа само докторишта, даскалишта, генералишта!!!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото