Саемот на книга со продолжено работно време денес и во сабота

11.09.2020 13:24
Саемот на книга со продолжено работно време денес и во сабота

Поради зголемениот интерес од страна на читателската публика, а воедно и поради почитување на протоколите за заштита од Ковид–19, организаторите на Саемот на книга заедно со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија, донесоа одлука Саемот на книга да има продолжено работно време во петок (11.09.2020) и сабота (12.09.2020).

Работното време за петок (11.09.2020) е од 10:00 до 21:00 часот, а работното време за сабота (12.09.2020) е од 10:00 до 22:00 часот. Сите други денови останува со редовното работно време.

Организаторите на Саемот ги потсетуваат сите посетители, со цел да се избегнат гужвите на билетара, дека билет за Саемот на книга можат да го купат и преку онлајн електронскиот систем на www.karti.com.mk по цена од 30 денари (директен линк)

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

 

 

ОкоБоли главаВицФото