Стерилизатор за книги во библиотека во Ријека

05.11.2020 15:41
Стерилизатор за книги во библиотека во Ријека

 
Градската библиотека во Ријека е првата во Хрватска која започна да користи стерилизатор на книги.

Директорот на библиотеката, Нико Цвјетковиќ, вели дека ситуацијата со корона вирусот само ја забрзало набавката на стерилизатор, а дека смета дека сите библиотеки би требало да имаат некакви методи на чистење. „Оваа технологија за чистење книги засега е една поавангардните и потемелните“, вели тој.

Уредот е поставен веднаш до влезот на библиотеката. Во него има простор за најмногу четири книги, и има стаклена врата за да може да се гледа процесот.

Книгите се поставуваат вертикално, и штом се вклучи, низ долната решетка започнува да дува воздух кој благо ги разлистува страниците, со што овозможува книгите да се исчистат помеѓу листовите. Истовремено, се вклучуваат и UV-ламбите кои прават стерилизација на кориците.Во уредот има и филтри кои ја вшмукуваат и задржуваат прашината од страниците. На овој начин книгите се чистат од бактерии, вируси, животинки, нечистотии и прашина.


Уредот се наоѓа во одделот за белетристика, кој е најпрометниот дел од библиотеката, и е дел од организиран процес во кој секоја книга која се внесува во библиотеката веднаш минува низ стерилизација, пред да се врати на своето место на полиците.

Книгите низ годините минуваат низ многу раце и низ многу места, а длабинското чистење е многу тешко. Цвјетковиќ се надева дека и по завршувањето на пандемијата, ваквиот начин на стерилизирање на книгите ќе се задржи како стандард, како гаранција за безбедност и хигиена.

Цвјетковиќ забележува и дека од почетокот на пандемијата забележале пад на посетителите. Во моментов нивните простории не можат да се користат за подолг престој, но слободно може да се позајмуваат и враќаат книги.

Извор: HRT Magazin

ОкоБоли главаВицФото