1022 hPa
81 %
6 °C
Скопје - Чет, 14.11.2024 04:59
Едниот бил почитуван член на заедницата во чии раце доаѓале само најталентираните деца. Родителите сметале дека се почестени кога би одбрал да води сметка за кариерата баш на нивните деца.
Другиот бил сметан за весело, шарено, ексцентрично национално богатство. Добротвор обожаван од децата, талентиран човек кој може да ви ги оствари соништата. Бил пријател со угледни личности, со политичари, се движел исклучиво во кремот на општеството.
Лари Насар, лекар во американскиот гимнастичарски тим и Џими Савил, прочуен британски водител, се виновни за најголемите сексуални и педофилски скандали во историјата, луѓе чиј модус операнди, вклучително и рушењето на авторитетот на родителите и одвојувањето од нив, потсетува на злото олетотворено во Мирослав Миа Алексиќ.
Она што го правеле, начинот на кој ги прикривале своите недела, десетиците и стотиците жртви кои ги оставале зад себе – деца со тешки трауми – сето тоа било добро скриено зад нивниот углед во заедницата и нацијата, зад појавувањето во медиумите, гостувањата на телевизија, интервјуата правени со нив.
Приказни како оние на Насар и Савил, секако, не можат да се споредат со оние на Алексиќ, бидејќи секоја судбина на секое од тие девојчиња и момчиња е посебна и заслужува должно внимание. Сепак, за некои од нив кои се прашуваат како е можно такво нешто да се случи, можеби ќе им помогне да разберат и да се запрашаат како никогаш повеќе да не се случи.
Постои и една разлика помеѓу двајцата: Лари Насар е осуден на 175 години затвор поради сексуални злосторства, додедка монструозноста на Џими Савил е откриена дури по неговата смрт. Вториов починал со титула на витез, го одликувал и папата Јован Павле Втори, испратен е како добротвор и пријател на децата и на нивните родители.
Тешко е да се разбере злото. Уште потешко да се разбере она зло кое е толку очигледно на виделина а сепак останува скриено. Но ова не се приказни само за монструми, за грозоморните намери и акти на помрачени умови. Не се ни само приказни за манипулација, доволно успешна да изигра цела држава. Ова се и приказни за храброста. Бидејќи за да се препознае злото треба некој да го впери прстот во него. Мора да се појави некоја Милена Радуловиќ, некоја хероина која, во името на сите останати, ќе раскаже се’ што знае.
Во случајот на Лари Насер, тоа била Меги Николс, позната како „Athlete A“ („Спортистката А“) гимнастичарката која прва го пријавила Насар на организацијата USA Gymnastics во 2015. Тие не реагирале веднаш, што значело дека Насер можел да си продолжи да злоставува девојки, се’ додека не бил уапсен година дена подоцна.
Требало да се поклопат три нешта: една жена која одлучила да истрпи во име на сите злоставувани пријателки, претходни и сегашни, една одважна детективка која оди против перцепциите дека „системот не работи ништо“, и притисокот од јавноста.
„Толку фин човек“
Лари Насер бил сјаен во се’ што работел, а највеќе во тоа да ги измами родителите, колегите, врвните треери, олимписките вработени, спортистите, истрагата.
Со гимнастичарките започнал да работи кон крајот на седумдесеттите години на минатиот век. Бил многу важна фигура во полето на спортската медицина. Дипломирал кинезиологија на Универзитетот во Мичиген во 1985 година. Веќе наредната година се придружил на американскиот гимнастичарски тим, за да стане главен лекар во 1997.
Пред да биде фатен, злоставувал десетици девојки чии имиња, благодарение на нивните успеси на Олимписките игри, им биле познати на сите во Америка – Симон Бајлс, Мекејла Марони, Али Рајзман - и уште стотици за кои не се слушало. Тој толку сакан човен си обезбедил себеси позиција на моќ во простор полн со деца. Успевал да ги злоставува девојчињата дури и и кога родителите би ги донеле на преглед, само прекривајќи ги со ќебе. Дури и најпараноичниот родител не би можел да замисли дека нешто се случува на само неколку метри помеѓу него и ќерка му.
Мирослав Мика Алексиќ бил харизматичен, Лари Насар баш и не бил. Додуша, умеел да кажува вицови, да зборува страствено за своите медицински постапки што да направи да изгледаат интересно. Но, пред се’, како што го опишал таткото на една од злоставени девојки, бил „толку фин човек“. Во црните хроники постои посебен оддел за пасусите во кои злосторникот „им се јавувал на соседите“ и „бил така учтив“. Лари Насар исто така им помагал на соседите на секој начин.
„Тој би направил што било на светот за кого било. Сите многу го сакаме Лари“ раскажуваше Џесика О’Бирн во подкастот GymCastics. „Тој е толку прекрасен, совршен е. Тоа ви го говорам од сопствено искуство“.
До есента 2018 година многу американски медиуми ги опишувале жртвите на Лари Насер како „жените кои одлучиле да го прекинат молкот“. А вистината е дека тие не молчеле постојано. Во текот на дваесет години се зборувало за тоа во гимнастичарските кругови, а некои од нив ги пријавувале случаите на своите родители, тренери, лекари, психолози, едни на други. Но Лари Насер имал толку висок углед што успеал да им одолее на најлошите злосторства.
Меги Николс, која поради тоа што го кренала гласот на крајот не била избрана во олимпискиот тим за игрите во Рио во 2016, иако сите експерти ја сметале за, покрај Симон Бајлс, за најголемата млада американска гимнастичарка.
Таа на петнаесет години започнала да има проблеми со грбот додека престојувала во кампот Карољи во Тексас.
„Имав ужасни болки. Не можав ниту да се наведнам. Се сеќавам дека ме однесе во теретаната, ја затвори вратата и ги спушти ролетните. Отпрво помислив дека е тоа малку чудно, но потоа сфатив дека е сепак во ред. Низ главата ми помина дека веројатно не сака да ги вознемирува останатите девојки кои беа близу. Му верував. Имав доверба во тоа што почна да го прави, но потоа започна да ме допира по места каде мислев дека не треба. Неаше никакви ракавици, не ми кажа што прави. Немаше никој друг во собата, само ние двајца, и ги прифатив неговите третмани. Возрасните постојано ми велеа дека тој е најдобриот лекар и дека може да ми помогне со болките.“
Во летото во 2015 Меги Николс се пожалила на една пријателка. Не била сигурна дека она што доктор Насер го правел било во ред.
„Контактираше со мене, ми велеше дека сум супер, дека сум убава. Имав само петнаесет години, мислев дека само се обидува да биде фин со мене. Сега сфаќам дека сакал да ме привлече.“
Американската гимнастика станала многу контролирано опкружување од осумдесеттите, oткако тренерите Наџа Команечи и Бела и Марта Карољи, се преселиле во САД од Романија и ги пресадиле своите строги методи за обучување на американските олимпијци. Тие ја негувале културата на победа посекоја цена и – уште една сличност со случајот Алексиќ – не дозволувале родителите да контактираат со своите деца додека овие биле во тренинг центарот, на прочуениот ранч Карољи во Тексас. Насар третирал многу спортистики, претставувајќи се како нивен заштитник. Многумина велеле дека бил фин со нив, што е реткост во светот на гимастиката.
Ѕидовите во неговата канцеларија биле исполнети со фотографии од олимписки натпреварувачи со автограми. На девојките кои посебно му се допаѓале им подарувал значки и јакни. Родителите биле одушевени што Насер воопшто сакал да ги прими и да ги третира нивните деца. „Тој не би бил на тоа место, не би бил толку почитуван, да не е добар во она што го работи“, велеле. Без разлика дали навистина верувале во тоа или само се приклонувале кон ставот на јавноста, ги оставале децата на милост и немилост на ранчот Карољи. На родителите им бил забранет пристап, а биле забранети и мобилни телефони. Насер секоја вечер доаѓал до девојките, ги прашувал дали нешто им треба, им нудел чоколади – ги подготвувал.
Кога Тринеа Гонча имала девет години, почнала да има проблеми со колкот. Лари, кого го препорачал нивниот тренер, им рекол дека би било добро со мајка ѝ да дојдат во неговиот стан, на додатни прегледи. Триена знаела дека овој повик претставувал чест. Ниедна друга деветгодишна девојче немала некој кој толку се бавел со нејзината кариера.
Тогаш прв пат пенетрирал со прсти во неа. И тоа продолжило, секогаш кога било можно. На крајот на деведесеттите, една пријателка ѝ раскажала дека и на неа ѝ го прави тоа. „И мене!“ рекла Тринеа. „Тоа е сосем во ред.“ Ниедно девојче не знаело за што всушност се работи. На оние родители кои на нешто би се посомневале им велел дека вагинална пенетрација е сосем легитимен третман. Адвокатот на Тринеа Гонча проценува дека таа била злоставувана 856 пати.
Лари Насар во 2018 беше осуден на 40 до 175 години затвор поради сексуални злосторства. Со денови траеле сведочењата на млади жени и некогашни тинејџерки.
„Светецот Џим“
Еден од најголемите скандали во историјата на Велика Британија е оној на Џими Савил, ексцентричниот британски ди-џеј, телевизиски водител и многу почитуван член на заедницата и една од најголемите медиумски личности во Велика Британија цели четири децении. Особено бил ценет затоа што најголем дел од своите приходи ги давал во добротворни цели. Кога починал, на 85 години, бил прочуен и сакан, лесно препознатлив по дебелата цигара и шарената облека.
Савил бил посветен католик, заколнат антиалкохоличар кој највеќе на светот ја сакал мајка си. Кралицата му ја доделила титулата витез во 1990 година, поради неговата добротворна работа. Го одликувал, истата година, и папата Јован Павле Втори. Сето време Савил бил монструозен педофил, кој својата позиција и својата слава ги користел за сексуално да злоставува стотици деца ширум Британија. Савил ги принудувал малолетните деца орално да го задоволуваат или ги силувал.
Една година после неговата смрт, Скотланд јард отвориле истрага за неговото учество во сексуално злоставување на „никогаш досега видено ниво“.
Савил се прославил како домаќин на прочуената музичка програма „Тop of the Pops“, но неговата најпозната програма била „Jim’ll fix it“ (Џим ќе среди), семејна емисија која се прикажувала во сабота, „во времето за чај“, што е најпрестижниот термин во Британија. Главно му пишувале деца, а потоа Савил правел се’ за да им ги исполни соништата. BBC, најпочитуваната медиумска организација во Велика Британија, по смртта на Савил била обвинета дека, во најмала рака, ги игнорирала наводите за неговото однесување - се говорело дека злоставувањето се случувало во просториите на BBC, со деца кои ги запознавал на снимањата. Додека уште бил жив, екипата на емисијата „Newsnight“ сакала да го истражи случајот, но не добиле прилика.
Подоцна психолозите кои го правеле неговиот профил објасниле дека ја имал мрачната тријада на лични карактеристики: психопатија, макијавелизам, нарцизам. Ова се карактеристики кои често ги имаат познатите или моќни луѓе. Тие успеваат лесно да се префрлуваат помеѓу различни персони. Импулсивни се, грандиозни, диви, очајни.
„Светецот Џими“ собрал најмалку 40 милиони фунти во добротворни цели. Најчесто бирал ранливи млади жени. Во извештајот „Даваме глас на младите жени“ составен по истрагата, се наведува:
„Јасно е дека Џими Салви го користел својот статус на позната личност и своите активности во општеството за да добие неконтролиран пристап до ранливите луѓе во текот на шест децении.“
А сепак, во музичката и во телевизиската индустрија доло се шепотело за неговото однесување. Роџер Холт, кој некогаш работел во Радио 1 велел дека копнежот на Савил по млади девојки бил „јавна тајна“.
„Ќе се слушнеше во канцеларијата – Џими пак го направил тоа“, вели Холт. „Патуваше низ земјата со колегите од BBC, кои потоа раскажуваа како ги носел сите тие девојчиња во својот ролс-ројс. Млади, многу млади.“
Многу негови соработници и пријатели, пак, не можеле да се помират со оваа мрачна страна од него. Роџер Ордиш, кој ја продуцирал неговата емисија цели дваесет години, вели дека никогаш во ништо не се посомневал. Кога еднаш Џими Савил им дошол нагости, го сместиле во собата веднаш покрај нивната четиринаесетгодишна ќерка.
Савил бил пријател со премиерката Меги Тачер, бил близок со принцот Чарлс. Од таа перспектива, тешко е да се замисли дека некоја млада жртва можела да му се спротивстави. Би се работело за нејзиниот збор против неговиот.
Извор: Nedeljnik