1014 hPa
88 %

15 °C
Скопје - Чет, 22.05.2025 01:43
Со градот Празни шапки владее една достоинствена кралица. Неговите единствени жители се празните шапки. Дебели стаорци, дебели мачки и дебели лилјаци понекогаш се гледаат на улиците, но и тие не се сметаат за ништо друго освен за празни шапки. Неколку патници кои го посетиле градов го опишуваат како застрашувачко место, оти човек тука брзо почнува да сфаќа дека не е ништо друго освен празна шапка.
Кралицата на Празните шапки непрестајно во себе мрмори: „Негде нешто не штима, нешто е гнило во државава“. Никој не ги разбира нејзините загадочни зборови.
Превод: П. В.