Деликатни текстилни скулптури

14.07.23 16:52

 

 

Јапонската уметница и дизајнерка Марико Кусумото обликува корали и морски суштества од меки влакна како полиестер, најлон и памук. Прицврстени на лелевите површини или вметнати во воздушестите џебови, самостојните скулптури и декори кои можат и да се носат се транспарентни креации на животни форми, а нивните нежни и деликатни композиции кореспондираат со кревкоста на темата.

Оваа уметница кој живее и работи во Бостон има тенденција да ги групира поединечните парчиња во поголеми дела, создавајќи разновидни гребени и екосистеми преполни со боја и текстура.


Извор: https://www.thisiscolossal.com/

ОкоБоли главаВицФото