„Осмели се и играј!”

20.11.23 15:10

Проектот „Осмели се и играј!” собира средства за добротворната организација „Фудбал без граници” и има за цел да ги инспирира идните генерации млади девојки да се занимаваат со фудбал.

Додека женскиот фудбал бележи метеорски пораст на популарноста во последниве години, стапката на вклучување на млади девојки во играта е сè уште обесхрабрувачки мала. „Осмели се и играј!” е проект на Ева Ворен, сениор креативец во Manchester agency Love, која има за цел да ги инспирира следните генерации на млади девојки да се занимаваат со фудбал.

Елен Вајт, илустрација на Хети Кларк

Ева собра повеќе од триесет етаблирани и нови илустратори за да претстави уметнички дела инспирирани од иконите на женскиот фудбал. Уметничките дела постојат како ограничена серија налепници, заедно со списание и беа изложени во Colors May Vary во градот Лидс во Англија, а целиот приход беше наменет за „Фудбал без граници”, добротворна организација која ја користи моќта на фудбалот да ги промени животите на младите.

Сју Лопез, илустрација на Џоел Бурден

Заедно со физичкиот проект, имаше и план за достапност за grassroots тимовите во Лидс, со цел да се прошири изложеноста и инспирацијата.

Како дел од овој проект, може да се видат: најголемата јапонска легенда на женскиот фудбал, Хомаре Сава, илустрирана од Џени Еспиноза, англиската фудбалерка од среден ред и застапничка за бездомништво, Фара Вилијамс, илустрирана од Фло Барнс, и Сју Лопез, фудбалерка на Англија од седумдесетите, која сега се залага за женската игра, портретирана од Џоел Бурден.

Хоуп Соло, илустрација на Холи Фарндел

Женското европско првенство од 2022 го сигнализираше она што Ева го опишува како „нова зора за женскиот фудбал“. Рекордни 17,4 милиони луѓе ја гледаа победата на „Лавиците” (англиски женски фудбалски тим), а во март 2023 година, владата на Велика Британија објави дека ќе обезбеди финансирање од 600 милиони фунти за да им помогне на девојките да добијат еднаков пристап до играта. Оваа кампања беше предводена од англиската лавица Лот Вубен-Мој.

Рејчел Јенки, илустрација на Ана Џекс

И покрај потезите направени во вистинска насока, Ева објаснува дека девојчињата сè уште имаат ограничени можности во фудбалот, „особено оние кои имаат голема страст за фудбал, а не се вклучени во образовниот систем, или оние кои се од области на социо-економска неповолна положба”, вели Ева.

Керол Томас, илустрација на Филипа Наморадо

Извештајот на „Фудбал без граници 2023 инспирира генерации” покажа дека 63 отсто од тинејџерките сè уште не можат да именуваат ниту една од „Лавиците”, 25 отсто од тинејџерките никогаш не гледале женски фудбалски натпревар, 67 отсто од тинејџерките не следат кои било женски фудбалерки на социјалните мрежи.

Хомаре Сава, илустрација на Џени Еспиноза

Страста е поттикната од личната љубов на Ева кон фудбалот. Таа играла фудбал уште на многу рана возраст, но го напуштила спортот во средно училиште поради недостиг на локални тимови поради што не бил вклучен во наставната програма, пред повторно да ја открие својата страст за време на Светското првенство за жени во 2019 година.

Алексија Путелас, илустрација на Антонио Родригез

Искуството на Ева во креативната индустрија му помогна на проектот, со тоа што во својата мрежна банка од креативци можеше да одбере неколку навистина квалитетни уметници, како што е Стен Чоу, „колешка поддржувач на Манчестер Јунајтед“ која ги прикажува сите големи ѕвезди. Но, Ева исто така беше подготвена да им даде платформа и на новите креативци.

„Сакав да им да дадам шанса на новите таленти, оние кои имаат различни стилови од она што обично би го виделе на реклама на Најк. Има навистина одлични спортистки во женскиот фудбал, интересно е да се види како уметниците ги прикажале, секоја на свој, автентичен начин, давајќи им нов живот во илустрацијата”.

Фара Вилијамс, илустрација на Фло Барнс

Миа Хам, илустрација на Мередит Шомбург

Сан Вен, илустрација на Стенли Чоу

Лили Пар, илустрација на Ана Федосеева

Феј Вајт, илустрација на Лидија Хол

Корица на списанието „Осмели се и играј!”

Внатрешноста на списанието

 Налепници

Извор:https://www.itsnicethat.com/

ОкоБоли главаВицФото