„Pop My Corn“ - фестивал за современа уметност

30.11.2023 15:52
„Pop My Corn“ -  фестивал за современа уметност

„Pop My Corn” или првиот фестивал од овој тип на „Танц Бункер“ е резултат на иницијативата на овој нов колектив составен од Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Ивана Балабанова.

„Pop My Corn” не е само уште еден фестивал за уметност, не е само уште една платформа за изведба, туку е обид за препознавање на сè уште младите, а веќе афирмирани уметници, како и за активирање на сцената за промовирање на нов израз! „Поп мај корн“ е и обид за еманципирање на локалната публика кон нови современи движења и отворање на истата кон нови пристапи во пласман на современи дела.

Со идеја за сплотување на современата уметничка сцена и креирање нови модели на соработка, „Pop My Corn“ е протест, крик, мозаик на индивидуални изрази и нов пристап кон ко-креација на повеќе уметници, како и зачеток на нови соработки промовирајќи сплотеност, здруженост и креативна акција.

Овојпат програмата ги сплотува јазиците на современиот танц, визуелната уметност и електронскиот звук со соработките на неколку уметници, и тоа: Ивана Мирчевска, Елена Чемерска, Ивана Мојсовска Головска, тројцата кореографи Ивана, Дејан и Адријана и звуците на Херцел и Алесандро Ола.

Програма:

30 НОЕ / Pre-party @ Kotur
21:00 DJ Set _ Nastasyakish

2 декември / Отворање

20:30 @ Мултимедиален Центар Мала Станица
Уметничка инсталација _ “Boiling Bodies”
Елена Чемерска & Ивана Мирчевска

Избрани дела _ „Сè ќе биде добро“
Ивана Мојсовска

Танцови перформанси
“Tears of a clown” _ Адријана Данчевска

“The Baron” _ Дејан Битровски
“My blood, my politics” _ Ивана Балабанова

22:00 DJ Set_ Herzel
Drinks & Fuzz #Kotur

3 декември / Танцови работилници

„Тело во движење“ @Национална опера и балет

10 часот / Дејан Битровски

12 часот/ Ивана Балабанова

Сите заинтересирани треба да ја попонат пријавата за танцовите работилници на линкот
Влезниците ќе бидат достапни на kupikartizase.com.