„Кино утро” во Кинотека

04.01.2024 13:54
„Кино утро” во Кинотека

Обмислено и намерно, па и по традиција, Кинотека во јануари ќе им ја подари филмската програма – играната и анимираната – на најмладите. На оние за кои, мора да се признае, не е лесно да се направи разбирлив, гледлив филм кој ќе биде запаметен.

Кинотека, по новогодишните и божиќните празници (од 9 до 18 јануари) се определи да започне со прикажување на „Зоки Поки”, македонскиот телевизиски серијал, од десет епизоди. Нема двоумење дека најмладите добро знаат што е тоа. Тоа адаптација на нивната омилена лектира, која датира од 1963 година, кога писателката Оливера Николова го издаде „Зоки Поки”.

Месец јануари ќе биде надополнет и со анимирани филмови од неодамнешната продукција. Најмладата генерација филмофили ќе биде во можност да ги проследи новите авантури на „Нинџа желките”, норвешката продукција „Титина”, германско-белгискиот анимиран филм на еколошка тема „Смрдливците – Добредојдовте во Смрдвил”, рускиот „Мачки во Музејот ”, „Биби и Боби: Пролетна магија”…

Вака ќе заврши филмскиот караван „Кино утро” на Кинотека во јануари. Во февруари, филмофилите ги чека ново изненадување.

Извор: https://kinoteka.mk

ОкоБоли главаВицФото