1032 hPa
61 %
7 °C
Скопје - Пет, 13.12.2024 12:59
„Европа ќе експлодира. Нема повеќе чекање ни надеж дека САД ќе ја извлечат глобалната економија. ЕУ мора да ги реши проблемите дома“, изјави Кенет Рогоф од Харвард.
Европската унија и еврозоната требаше да донесат економска стабилност и да ги отстранат традиционалните пречки за раст, како што се даноците и прописите. Но, наместо тоа, ЕУ стана себична унија во која растресените економии се хранат со растечкиот национализам, бесот поради имиграцијата и зовриената недоверба меѓу богатите и помалку богатите членки.
Додека можеби се чини дека актуалната криза е европски проблем, јасно е дека распадот на еврозоната подеднакво би одекнал и во Пекинг и во Бостон. Меѓутоа, променливите континентални пазари и бесните демонстрации од Атина до Мадрид се манифестација на очајничките обиди на европските политичари да ја зауздаат должничката криза во еврозоната која ја загрозува валутата и го дестабилизира целиот регион.
САД повеќе не се економска противтежа на Европа, сега тоа е самата Европа.
Ова време денес е сосем поинакво од она време на зазбрзан глобален раст меѓу 1991 и 2008 г., период во кој е родена Европската унија, еврото и сонот за големото европско обединување. Америка помогна во градењето на повоена Европа. Американскиот долар, добро функционирачката демократија и силните изгледи за раст беа најголема, најликвидна и најсигурна инвестиција на планетава.
Се разбира, глобалната слика се промени. Се чинеше дека еврото е единствена одржлива валута која би можела да му биде алтернатива на доларот. Британската фунта е минато, а валутите на растечките пазари како БРИК (Бразил, Русија, Индија и Кина) се премали, променливи и строго контролирани. Но светскиот пазар на злато не е доволно голем за да ѝ угоди на сериозната диверсификација на доларот без големи инфлации на самото злато. Меѓутоа, сè уште е неизвесно дали еврото воопшто ќе ја преживее кризата која ја зафати Европа.
Еврозоната е првенствено себична унија. Во сите фази на развој на современа Европа, од создавањето на ЕУ па до воведувањето на еврото, секогаш беше тешко да се постигне вистинската политичка интеграција на европските држави, што не чуди со оглед на хетерогеноста на Стариот континент. Исход на сето тоа е унија која понекогаш потсетува на казино.
Постоењето на Европската централна банка значи дека земјите како Грција, Белгија и Ирска се слободни да позајмуваат пари и да земаат повеќе одошто можат да вратат некогаш. Токму поради таквата нецентрализирана контрола и одговорност штедливите земји како Германија не можат да ги спречат послабите држави да не ја нарушат одржливоста на заедничката валута. Најсилните држави во еврозоната, Германија и Франција, сè уште не се способни да се обврзат дека ќе ја спасат заедничката валута.
Во секој случај, излегувањето од кризата бара сериозни реформи на сè; од склеротичните европски пазари на труд до ранливиот финансиски сектор. Она што е најбитно е тоа дека ќе бидат потребни болни и непопуларни мерки на штедење кои би можеле повторно да доведат до насилство и немири меѓу ѓраѓанството кое веќе се бори да излезе на крај со различните превирања.
Извор: Time
Илустрација: Лори Липтон
Иронијата во текстов е што
Испратено на 22 август 2011 од НиколаИронијата во текстов е што тој доаѓа од земја којашто е убедливо најзадолжена во светот, земја во којашто нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните е фрапантна, во којашто 40 милиони луѓе гладуваат и се на работ на сиромаштија, земја којашто го има уништено здравствениот систем (и многу останати) со цел да ги замени со приватен сектор којшто носи огромни профити за нивните сопственици. И тие се осмелуваат да пишуваат за Европа и да предлагаат решенија што всушност доведоа до самата криза... одвратно.