Писмо до Европа

26.10.2011 11:08
Писмо до Европа

Во право е професорот Љубомир Фрчкоски кога бара Груевски да си замине, бидејќи тоа е единствениот начин да се спаси себеси, но и државава. За жал, оваа рационална солуција и, можеби, единствената опција која заслужува внимание во сегашните околности, нема да се прифати. Остануваме со истиот екипаж и ќе го носиме истиот багаж.

Наместо тоа, ние деновиве сме опијанети со ресентимани од славното минато. Кој може сега да одговори дали ни се враќаат спомените од 1848 или од 1948? По кој пат се случува низ историјата малиот да го дигне гласот против големиот или да одекне силното историско НЕ! Кои беа тие славните што го кажале тоа? Лајош Кошут, Јосип Броз Тито, Слободан Милошевиќ ...? И, дали на тој список на славните „Давиди против Голијати“ ќе се најде името на Никола Груевски?

Работите одат во тој правец. Гледаме како со денови по ред се раѓаат нови Давиди во сите сфери на општеството. Синдикалисти, научници, писатели, сликари, спортски работници..., сите тие добија желба да испратат писмо до Штефан Филе за да покажат колку сме сплотени во одбраната на македонскиот идентитет. Европа ќе биде засрамена пред македонската принципиелност, правдољубивост и достоинство.

Но, ако дојде време за пишување писма, би сакал да укажам дека во сегашната парада од набилдан патриотизам - огромен број граѓани од Македонија ниту сакаат а ниту помисуваат да учествуваат во овој владин спектакл. Конечно, ако веќе мора да се пишуваат писма, јас би избрал поинакви адресанти и поинаква содржина.

„Кој беше телефонскиот број на Европа?“, се прашал пред четириесет години Хенри Кисинџер и одговорил: „Не постои таков број!“. Сепак, не само поради ова американско осило од некои минати времиња, писмото до Европа, навистина, треба да се упати на повеќе адреси.

Јас, на пример, првото писмо би го упатил до нашите најголеми пријатели и поддржувачи. Тоа се оние европски политичари, научници, новинари, публицисти и други јавни личности, познати или помалку познати, кои во изминатите 20 години искрено и посветено застанаа во одбрана на Македонија, не само околу спорот со Грција, туку и за многу други проблеми пред кои беше исправена државава. Овие луѓе не застанаа зад Македонија од некои лукративни или од некои други интересовни побуди. Тие, едноставно, се определија за Македонија бидејќи добро знаеја како функционира обединета Европа, дека начелото на консензус е претерано формалистички импрегнирано во институциите и во одлуките на Европската унија, дека во политиката секогаш имало гнили компромиси. Тие посакаа да покажат дека етиката во политиката и уште поточно - правото на помалите нации на постоење и на самоодредување не е мртво слово на хартија. Благодарение на ним, Македонија полесно се справуваше со сите тешкотии кои произлегуваа од овој комплициран свет, но и напредуваше на патот кон Европа. Но, во последниве години, нивниот глас се помалку се слуша. Сè помалку од тие луѓе доаѓаат во Македонија. Зошто? Затоа што ги разочаравме, да не кажам, ги изневеривме и ги излажавме. Тие, уште пред пет години ја советуваа Владата на Груевски да не преименува аеродроми, автопатишта..., да се откажеме од ступидната антиквизација, со еден збор, да престанеме да ја иритираме Грција. Не ги послушавме и така заличивме на Грците. Нашиот најсилен адут, моралната супериорност во однос на јужниот сосед, го распродадовме за неверојатно кусо време. Затоа, на сите наши пријатели им должиме големо извинување, со апел за разбирање. Пораката до нив би била многу кратка: бидете активни и во ова „второ полувреме“, бидејќи, доаѓа времето кога ние во Македонија ќе треба да се пресметаме со сопствениот примитивизам, национализам и изолационирам.

Второто писмо би било упатено до седиштето на Европската унија или, до т.н. евробирократи, како што велат сега владините мегафони. Писмото би било упатено до сегашните, но и до бившите високи функционери на ЕУ - а тоа се, во прв ред, Романо Проди, Оли Рен, Хозе Мануел Баросо и Штефан Филе.

На сите ним, прво, им должиме благодарност што имаа визија и желба Македонија да стане членка на ЕУ. Нивните ангажмани, препораки и совети беа во духот на големиот проект за Обиденета Европа, поточно, ги изразуваа интенциите за побрзо интегрирање на државите од Западниот Балкан.

Од друга страна, важно е да се истакне, наспроти сите искричења и дневнополитички позиционирања или инклинирања, Европа е симболот или идејата која на оваа генерација македонски граѓани им значи исто толку многу колку и љубовта спрема својата татковина. Европа е нашиот хоризонт, но и платформата на која ќе го јакнеме нашиот идентитет. Без тоа нема напредок и нема иднина за Македонија. Затоа, без оглед на сегашните бизарни и глупави искричења, во кои предничат евроскептиците, Европа е безалтернативна за граѓаните на Македонија.

Граѓаните на Македонија се сериозно загрижени што стануваме вечен кандидат за ЕУ, со шанса да ја загубиме и препораката. Власта се обидува да им објасни на граѓаните дека нашето уназадување на патот кон Европа се должи на тоа што ЕУ зазела страна и безмалку бара од нас да се откажеме од сопствениот идентитет. Оваа теза, мора да се признае, од ден на ден добива се поголем број приврзаници. Но, сегашната антиевропска кампања не треба да не залаже, бидејќи тоа е финалниот чин од една антистратетија што ние ја живееме во Македонија веќе пет години. Таа антистратегија, без сомнение, беше забележана навреме и од Брисел, но, малку се направи таа да биде разобличена и поразена. Оттука, свој дел од одговорноста носи и партнерот.

Затоа, доаѓа време кога мора да престане хипокризијата, да се отворат картите и работите да се наречат со вистинското име.

Ризикувам да бидам прогласен за кодош, за предавник, за антипатриот итн., но си земам слобода да укажам во што е причината за курцшлусот помеѓу Скопје и Брисел, односно, зошто европските вредности и принципи тешко допираат до Македонија.

Првата причина би ја нарекол дека е од стратегиско-историска природа. Оваа Влада, поточно, Груевски, не разбира дека Европската унија е пред се политички проект и дека во Обединета Европа нема место за национализмот од стар ков и за ревизионизмот. Груевски не разбира дека оваа Европа настанала и опстојува на историското помирување. Оттука, Груевски попрво сака сатисфакции за неправдите врз Македонците во минатото, сака да истерува правда за минатото, отколку да води сметка за сегашноста и за иднината.

Второ, Груевски за себе мисли дека е нешто повеќе од политичар или од државник. Ќе се откажам од тоа да го наречам самопрогласен месија, но, факт е дека многу вешто комбинира со две алатки, кои, по природата на нештата се одвоени - политиката и моралот. Зошто многумина го прогласуваат Груевски за многу моќен или за безалтернативен? Затоа што освен како политичар-реформатор, тој и се наметна на македонскиот електорат и како некаква морална вертикала. Па така, кога не му оди во политиката, посега по етиката и обратно. Сега, гледаме како етиката станува главниот извозен бренд на македонската Влада и како на морален план ја поразува дури и Европската унија! Но, ова не му е прв пат, слично така одигра и во 2008 година.

Трето, Груевски е популист кому му е поважно да биде моќен во Македонија, отколку да исполнува некакви тешки стандарди и барања од Европската унија. Затоа, оваа Влада може да исполнува само некои формални критериуми и да спроведува фасадни политики. Од политичар кој не е свесен дека функционалната демократија е најважниот услов за членство на Унијата, не треба ништо сериозно да се очекува.

Сето ова кажува дека се направени многу пропусти, дека залудно се потрошени многу време и многу енергија и дека работите стојат и понатаму лошо. Се разбира, лошо за Македонија.

Третото писмо би го упатил до лидерите на големата европска четворка - Ангела Меркл, Николас Саркози, Дејвид Камерон и Силвио Берлускони. Би ги потсетил дека нашиот премиер ја имаше таа привилегија да се сретне со нив одделно, но, како што гледаме, тие тет-а-тет средби имаа мал ефект. В ред, Македонија расчисти со будалаштината дека една од овие земји ќе биде нашиот спонзор на патот кон Европа. Па, сепак, секогаш има шанси да се направи нешто ново и нешто повеќе.

Четвртото, имагинарно писмо, бидејќи не треба да се биде буквалист и да се верува дека навистина и јас ќе испраќам писма до Европа, е она до овдешните интелектуалци кои засукаа ракави и решија да му пишуваат на Филе. Нивна основна задача е да му го одземат правото на Груевски, не само во овој случај, туку и воопшто, да настапува морализаторски. Политичарите нека си тераат политика, нека донесуваат одлуки, но прашањето за моралот треба да им го препуштат на оние кои работите ги гледаат од повисоко рамниште, од историски ракурс, од фина дистанца и што е многу битно - сериозно и без страсти. На вистинските интелектуалци не им личи да ламентираат и евтино да морализираат, особено кога е повеќе од јасно дека се впрегнати во дневнополитички битки и интриги.

Изостанувањето на зборот македонски од Извештајот на Европската комисија е лоша работа. Но, тоа е нешто што може да се поправи. Но, ако Европа исчезне од нашите мисли и од нашите дела, тоа е нешто многу пострашно.

В ред, Европа заслужува прекор и осуда. Но, како е можно истите тие просудувачи и осудувачи на Европа, во изминатите пет години ниту еднаш да не реагираат што имаме Влада која упорно работи за да нè оддалечи од Европа? Како не се сетија да напишат барем една реченица дека Европа си прави лоша услуга и себе и нам што толерира еден опасен популист?

Вистинското писмо со вистинската адреса ќе треба допрва да се пишува!

Колажи: Dani Sanchis

Извор:globusmagazin.com.mk

Evropa, ili potocno EU, ne

Evropa, ili potocno EU, ne moze i ne smee da bide "bezalternativna" za Makedonija. Sosema e realno vlezot vo EU da bide preskap za nas, vo koj slucaj nie ne bi trebale da vlezeme. Sto se odnesuva da vladata i premierot, tie treba da bidat kritikuvani, no najveke zaradi akti koj se sprotivni na demokratskite vrednosti (nezavisno dali tie vrednosti se evropski ili ne). Antikvizacijata e glupost, no nisto poveke od toa - da, gi iritira Evropjanite, no dali nekoj seriozno misli deka da ne bese antikvizacijata ke vodevme pregovori za clenstvo vo EU (i ke bevme clenovi na NATO)? I na kraj kratok komentar za pismata na sportistite, akademicite, itn - makedonskata levo-orientirana (ili podobro kazano kontra-VMRO) elita treba da prestane da poistovetuva se sto e slicno so poziciite na vladata za imeto/Grcija so antikvizacija i slicni gluposti.

Кампањата од типот „животот

Кампањата од типот „животот го даваме, ТРСТ не го даваме„ можа да биде само уште еден контрапродуктивен потег во низата нерационални потези, кои досега (намерно или ненамерно)ги има превземено РМ. Нерационалноста на грчките барања, предизвика симпатии кон РМ и доведе до тоа да и покрај строгите консензуални правила на одлучување во ЕУ, Мекедонија со симпатии да биде прифатена од сите европсски и светски институции, асоцијации, федерации и сл. понекогаш дури и под уставното име (признаени од 100 и куср земји), особено при комуникацијата и покрај жестокото спротивставување од страна на Грција. Последниве години се случува обратното. Се повеќе се избегнува да се спомни уставното име на РМ и се повеќе ние сме ставени во ситуација да реагираме.
Нервозата и тврдоглавоста на меѓународен, пред се политички план, може да биде погубна, особено ако се нема соодветни „адути„ во ракавот, кои ние очигедно ги немаме.(Куба е посебна приказна. На САД не и е потребен наплив на кубанска „багра„)
За Македонија е од исклучително голема важност да стане член на европското семејство, слично како и на Молдавија или Косово да бидат признаени држави.
Македонија МОРА под БИЛО КАКВИ услови да влезе во ЕУ, па макар и следниот ден ЕУ да се распадне. Незнам од каде стравот, евро-поборниците ова јавно да го кажат, застапуваат и образложуваат.
Македонија е денеска држава затоа што АСНОМ прифати Македонија да стане дел од ФНРЈ, а не инсистираше не самостојност и сувереност. Во спротивно, ќе бевме САП Македонија или Вардарија, како Срем, Банат, Бачка - „три срца јуначка„ Во тој случај при распадот на СФРЈ ќе поминевме како Косово, (ако поминевне? бидејќи ние немаме многу многу благонаклони комшии кои сесрдно би ни помогнале да се осамостоиме - во најдобар случај, ако не не поделат, би не приграбиле)
Што се однесува до името, тоа во моментов - ВО МОМЕНТОБ, е небитно. НЕ СКОКАЈТЕ !!! Дека е така, покажа и самиот прв патриот, кога прифати (предложи) име РМ - СКОПЈЕ. Требаше да продолжи со предлози, а не да и го „поттргнува столчето„ за Македонија никогаш да не може да седне во друштво со европејци, кои какви се такви (никакви)го кројат светот. Гол (кош) се дава ако си на терен и дел од тимот, а не од клупа или од требини. Ние сега покушуваме да му фрлиме на терен втора топка. Тоа не врви. Тоа може само кај нас. Власта ќе ни фрли истишена топка (кошаркарска е во мода)или коњче (Букефал) на необележана ливада (беззаконие), па трк народе.
Врвна зблуда е бранење на идентитетот. Што е идентитетот? Каде се наоѓа? Од кого го браниме? Кој воопшто сака, или е толку будала да незнае, дека идентитетот на поединецот не може да се уништи, па дури и со најголема репресија? Идентитетои и чувството на припадност е длабоко лична работа. Тој се оформува уште со самото раѓања (барање мајчина, а не туѓа цицка), првите зборови, песнички и т.н. Опстанокот на идентитетот зависи од тие кои го чувствуваат. Колку веруваат во него и колку се трудат да го пренесат на своите потомци. Колку вербата во него е поголема, толку и опстанокот му е поизвесен. Евреите „прогрмеле„ ксенофобија од нај монструозен облик, од најразлични „монструми„ (фараони, императори, калифи и султани, инквизиција па се до хитлер и денешниве фоби) во текот на милениуми наназад, а не декади. Можеби некој мисли, дека Грците или некој друг, е во состојба да наложи, еден народ да зборува друг јазик, да употребува друго писмо, да му пее други заспивалки на децата, да има други народни песми, приказни, преданија, да се крсти и клања на друг бог. Не. Тоа во денешно време е невозможно да му се наложи или стори на народ кој е длаболко свесен за својот идентитет. Идентитетот на Македонија е нај загрозен од конфузијата што се лиферува во сите области на животот. Од толкувањето на историјата од сомнително компетентни фаци, културата, архитектурата, па до „државата„ која воопшто (или минорно) не води сметка што првзема или треба да превземе, за да се сочува човечкиот потенциал.
Се повеќе сум убеден дека ова бандиче, се помирило дека РМ не може лесно да влеза во ЕУ со паролите на кои леташе (нема име, нема јазик, нема идентитет)и кои ги издигна до обврзувачки во домашната јавност и сега, со проверените методи на медиумски „мижи Асан да ти б‘аам„ ќе настојува и бескурпулозно ќе го чува чекмежето (за себе) и кутлачата.
Не знам точно колку луѓе има што, го делат моето мислење, но су сигурен дека така мислат и четириесете илјади македонци со бугарски пасош, триесетината илјади студенти што завршиле во Бугарија и илјадниците кои со години нокти откорнаја да земат УСА или друг странски пасош. Без разлика на побудите, тие постапки се во спротивност на борбата за идентитет по терк на преродбата. Нивната бројка е барем пет пратенички места (а за во диаспората да не зборуваме) што е доволно бандичево да се одведе во „жута зграда„ или на шопинг шуткамбол.
Не се нервирајте. По некој ден, неделам месец или година, ќе го делите моево мислење.

"Македонија МОРА под БИЛО

"Македонија МОРА под БИЛО КАКВИ услови да влезе во ЕУ, па макар и следниот ден ЕУ да се распадне"

Zosto? Zosto Makedonija mora da vleze vo EU? I sto ako, na primer, Bugarija ne blokira i ne uslovuva so vlez vo EU kako del od BG?

Inaku, lugeto sto ja napustile Makedonija go storile toa od ekonomiski pricini, a ne kako protest zaradi sporoto priblizuvanje kon EU.

Najgolemata korist od vlezot ve EU ke bide adaptiranjeto na t.n. evropski vrednosti (transparentnost, vladeenje na pravo, mediumska sloboda, itn). No nie ne mora da vlezeme vo (ili pregovarame za vlez vo) EU za da gi adaptirame tie vrednosti - vo sekoj slucaj, toa e druga tema. Od ekonomska perspektiva, ne sum siguren kolku mnogu moze da ni donese clenstvoto.

Прво да расчистиме. Јас велам

Прво да расчистиме. Јас велам дека „без разлика на побудите, тие постапки (земање странски пасош) се во спротивност на борбата за идентитет ПО ТЕРК НА ПРЕРОДБАТА„ Што ќе каже - зошто не земат да фрлат дрвја и камења по таквите „изроди„ македонци, бидејќи по нивно, врвен приоритет на секој патриот, е чување на идентитетот па макар цркнал од глад. Очигледно приоритет се гласовите и вечната власт, а не патриотизмот. Гнасно лицемерије.
Зошто трба да бидеме дел од ЕУ, одговорот го начна со примерот на Бугарија.
Македонија е релативно млада држава. Во СФРЈ опстана благодарение на колку толку заштитничката улога на федерацијата. Аспирациите кон Македонија никогаш не престанале и уште долго ќе ги има. Првата шанса што би му се укажала, на било кој аспирант, експресно ќе ја искористи, па така се доведува во прашање дали нешто од државава ќе му оставиме на генарациите после нас, освен „андрграунд„ историја. Никој нема да толерира бескрајно проблематични спорови, посебно не Европа во својот двор. Меѓународната заедница незнае за сентименталност. Тоа се исклучителни прагматичари. Неможеме и никако несмееме да се споредуваме со други кризни жаришта (Палестина, Тибет, Грузија и т.н.) бидејќи ни од близу геополитички не сме му интересни на големите сили (светски шнајдери) освен на комшиите. Интересни бевме за време на косовската криза. Не наградија колку толку и ЧАО (пласкаја признавања од сите страни). На второ место ја ставам можноста македонија одвнатре да се распадне, или стане дисфункционална и пак да биде мета на комшиите по разноразни основи. Ако се доведеме до тој степен, а како сме тргнале тоа ни е поблиску, ЕУ нема да тежнее внатрешно да не консолидира, туку елегантно (прагматично) ќе не пушти низ вода и ќе СИ го реши „проблемот„. Тое е реална и најголема опасност по Македонија.
Сега размислете дали е подобро да влеземе во ЕУ ПО БИЛО КАКВА ЦЕНА, или на поколението да му оставиме во амант, да се бори за нова, прво автономија (едно 100 години), а потоа за суверинитет и неависнос. Ако не сме способни, нештото (државата) да го направиме како што трба, никој не ни дава за право да го уништиме и со тоа да не му оставиме можност на некои идни генерации, ако се поспособни тоа да го направат.
Оттука прашањето - дали треба, или нетреба РМ да биде дел од унијата, за Македонија е од егзистенцјално значење. Се друго е второстепено и во моментов (ВО МОМЕНТОВ) е беспредметно.

П.С. Го ценам тоа што своето несогласување со мене, не го прокоментира со „оди шетај„ или некоја пцовка.

Levi, ај погледни си ги

Levi, ај погледни си ги првите реченици на твоите коментари. Почнуваат со омраза и омаловажување кон владата. Џабе ти се после „аргументите“ кои инаку се доста проѕирни, кога веднаш се легитимираш која ти е агендата.

ОМРАЗА е кога ќе распниш

ОМРАЗА е кога ќе распниш шатори пред собрание и штрајкуваш со глад, демек, брзо народе дигај се, овие сакаат да ни земат!?!? Што??? Не знам, ама да ни земат!!! Не е важно што, важно сакаат да ни земат, иако природно им припаѓа, иако и ние истото го бараме од други. Ајде сега народе бирај ме за поглавица. Па така „душмано„ ќе си избре нов соодветен на нашиот поглавица. Па така од Абдулахман Алити, ќе дојде Џафери, па појунак Ахмети па Красничи, па војна, па тероризам. И што спасивме!? Ништо!! Што добивме!? Добивме маргиналци со мешни, кои и да сакаат, неможат да видат поширок интерес од личниот, мора да сеат ирационален патриотизам, да бараат душмани каде што ги нема и по потреба ако трба да створат, за да има зошто да останат поглавици.
Мизерија!
ОМАЛОВАЖУВАЊЕ е кога ќе ми рече, дека ќе одговара секој кој сторил злосторство кон човештвото, а после затскриан зад народните избраници рече, „ИМАМ РАЗБИРАЊЕ„... БРУКА!!! ЏОН!!
ТРИ БРБИ ОД ПО 82.000 евеа!?!? Непостои соодветен збор, во ни еден светски жив или мртов јазик, кој може да се употреби.
Мојата агенда е ДОБЛЕСТ.
QUI VENTUM SEMINAT, TURBINEM METET. - Кој ветр сее, олуја ќе жнее.