1027 hPa
75 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 07:59
Франција, Грција, Холандија и Германија: во сите овие земји набрзо ќе се одржат избори кои тешко дека можат да бидат поразлични, но кои сепак имаат нешто заедничко: сите се однесуваат на политиката на Ангела Меркел и на нив ќе се одлучува за тоа дали таа ќе ја изгуби власта.
Првин се бира на северот и западот од Германија: во Шлесвиг-Холштајн и Северна Рајна Вестфалија. Тоа се избори на кои ќе дознаеме дали најомилената германска и најмоќната европоска политичарка има политичка иднина.
Ништо помалку важни за Германија се и изборите во Грција. Многу политичка енергија и исто толку пари се вложени за Грција да си помогне самата себеси. Ако Грците изберат парламент кој со мнозинство би ја отфрлил политиката на штедење и предлозите за санација на состојбите вои земјата, тогаш би можел да пропадне целиот план за Грција, што економски би можело да се исконтролира, но легитимноста на Пакетот за спас би била значително намалена за другите земји на кои им е потребен овој пакет.
За европската политика на Ангела Меркел не решава само Грција туку и Франција. Никола Саркози за време на изборната кампања прилично се оддалечи од она што во текот на германско-француската хармонија (од пред само неколу месеци) се договори со канцеларката, иако многумина се надеваат дека овде странува збор само за реторика. Но, тоа не би можело да се каже за неговиот противник на изборите. Франсоа Оланд веќе жестоко ја критикуваше германската политика за штедење, а ако оствари само половина од дадените предизборни ветувања, немирот повторно ќе се вовлече во и онака лабилната европската структура. А немирот е она што берзите едвај го чекаат.
Избори кои исто така ќе влијаат на европската, но и германската политика, се одржуваат во Холандија. Скратувањето на поддршката кон малцинската христијанско-либерална влада и нејзиниот пад поради мерките на штедење кои ги пропиша Герт Вилдерс значат дека есенва Холанѓаните ќе решаваат за политичката судбина на премиерот Марк Руте, кој во европската политика се покажа како најверен партнер на германската канцеларка. Иако многу нешта се во игра во Холандија. Герт Вилдерс досега својата политика на омраза ја насочуваше претежно кон муслиманите, додека во последно време сè повеќе се врти против Европоа, а ако овој политички пресврт му се исплати, тоа би можело да ги охрабри сите антиевропски популисти низ Европа. Посебно зашто, во случај на пораз на Саркози, Марин Ле Пен би можела да ја победи неговата партија, придобивајќи го со тоа нејзиното десно крило. Со тоа антиевропскиот импулс би продрел длабоко во политичкиот центар.
Дали изборите во Франција и Холандија би можеле да влијаат на настанувањето на една нова десничарска партија во Германија е сè уште отворено прашање. Досега ни успеваше да ги исечеме таквите појави во корен. Но, дали ќе ни тргне од рака по успехот на екстремната десница во околните земји?
Меѓутоа, едно нешто е извесно: кога денес во ЕУ, и тоа кај нашите најблиски соседи, се одржуваат избори, тоа е исто толку важно како изборите да се одржуваат во некоја германска република – и тоа во некоја од поголемите. Во врска со големото прекугранично влијание на изборите, теоретски би можело да се постави прашањето зошто Германците не би имале право на една петина од гласовите на изборите во Франција или Холандија, и обратно?
Уште една занимливост паѓа во очи: Ангела Маркел е најмоќната жена во Европа која Европејците веројатно не би ја избрале за претседателка на ЕУ. Кога Германците директно би ја бирале, таа би ги добила мнозинството гласови, но поради коалициските компромиси карактеристични за Германија, се чини дека и покрај популарноста Меркел набрзо би можела да ја изгуби власта. Со други зборови: Меркел ја води Европа, која не може да ја смени, но изгледа дека ненамерно ќе ја сменат оние кои не сакаат да ја сменат, а тоа се Германците.
Сето тоа во врска со демократската легитимност е, благо кажано, прилично чудно, а би можело да се каже и апсурдно. Но, во секој случај е возбудливо.
Авторот е уредник на политичката рубрика во весникот Die Zeit.
Извор: PressEurop