Ревитализација на урбаните реки

02.11.2012 18:55
Ревитализација на урбаните реки

Во склоп на филмскиот фестивал Planet in Focus, што се одржа минатиот месец во Торонто, премиерно беше прикажан документарниот филм Lost Rivers, посветен на минатото, сегашноста и иднината на реките „изгубени“ во градското ткиво.

„Некогаш многу одамна, речиси во секој град, течеле многу реки. Зошто исчезнале? Како? Дали можеме повторно да ги пронајдеме?“ Lost Rivers, во режија на Каролина Бакле, настојува да ги одговори овие прашања, спротивставувајќи ги мислењата на урбанистите, активистите и уметниците ширум светот.

 

За актуелноста на овие теми сведочи и фактот дека на неодамна одржаниот World Architecture Festival, наградата за „пејзаж на годината“ ја понесе паркот Бишан во Сингапур, уреден според дизајнот на пејзажните архитекти од студиото Atelier Dreiseitl, каде што е отстрането вештачкото корито на реката Каланг, изградено во 60тите години на минатиот век, а реката е вратена во првобитниот, природен тек. Потоа, бетонот од коритито бил искористен за изградба на новиот видиковец, наречен „Recycle Hill“. Изградени се и терени за рекреација, а пристапот до нив е овозможен со мостови.

Не само што го трансформираше урбаниот пејзаж и им ја врати реката на луѓето, овој проект овозможи и техничко решение за системот за одбрана од поплави. Новоизграденото корито може да собере 40% повеќе вода од старото затоа што постои можност, во услови на обилен дожд, да се формира површина за поплавување внатре во самото корито. Некои од растенијата што виреат во паркот имаат природна способност да ја прочистуваат водата, што овозможува одржување на високиот квалитет на водата без преголема употреба на хемикалии.

Сите знаеме дека и Загреб е град на река, но, исто така знаеме и дека Загреб никогаш вистински не се соживеа со Сава, и покрај бројните проекти и дебати на таа тема.

Но, дали знаевте дека во почетокот на 20. век, поради честите поплави, кон загрепското подземје биле насочени најголемиот дел од живописните потоци што се слевале долж Медведница? Дали постои можност и Загреб да го следи овој тренд и да повторно да се вратат барем дел од потоците долж Медведница или да се ревитализира барем потокот Чрномерец што тече во бетонско корито низ густото урбано ткиво? Како денес би изгледале градовите ако пред стотитна години за екологијата поинаку се размислувало?

Ревитализацијата на урбаните реки ќе биде една од темите на декемвриското издание на списанието Topos, па проследете ги неговите страници.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори

ОкоБоли главаВицФото