Еколошка улична уметност од трева и мов

04.04.2013 11:06
Еколошка улична уметност од трева и мов

Mosstika Urban Greenery е колектив од Њујорк, составен од улични уметници ангажирани во подигнувањето на нивото на еколошка свест, коишто ги употребуваат герлиските тактики за да го поттикнат човекот да се наврати кон природата. Тие веруваат дека ако секој од нас имаше сопствена градина што ја одгледува, ќе имавме многу побалансиран однос кон нашата животна средина. Инспирирани од ваквите ставови, уметниците од овој колектив ги здржувуваат световите на уметноста и природата, создавајќи освежувачки и неочекувани зелени површини во студената и сурова градска средина. Тие целат кон тоа да им дадат свеж полет на зелените герилски тактики, создавајќи дела што се наменети за да бидат допрени, со што, за возврат, ќе се допре и до свеста на оние што ги допираат. Mosstika се стремат да го вратат во фокусот игривото постоење, навраќајќи го човекот кон природата, дури и меѓу градските седвичи од згради.

Извор: beautifuldecay.com  

ОкоБоли главаВицФото