За Роберто, Добриот дух на ГЕМ

30.06.2013 10:27
За Роберто, Добриот дух на ГЕМ

Ако можеш да ја сочуваш главата кога сите околу тебе
Ја губат својата и те обвинуваат за тоа,
Ако можеш да си веруваш себеси кога сите се сомневаат во тебе,
и дури да придодаваш кон нивните сомнежи,
Ако можеш да чекаш, а да не ти здосади чекањето,
или ако си измамен да не лажеш
или ако си замразен да не мразиш,
А покрај тоа да не изгледаш предобар или премудар.
Ако можеш да сонуваш, без сништата да владеат со тебе,
Ако можеш да размислуваш, без фантазијата да биде цел,
Ако можеш да се соочиш со успехот и неуспехот
и да сметаш дека тие две мамки се потполно исти,
Ако можеш да ја поднесеш вистината што си ја рекол
ништожниците да ја испревртат во стапица за будали,
или да ја набљудуваш пропаста на она на што целиот живот си го посветил,
и подгрбавен со дотрајан алат повторно да создаваш,
Ако можеш да го ставиш на куп сето она што го имаш,
и да го фрлиш на коцка,
да изгубиш и пак да почнеш од почеток
и никогаш да не прозбориш за својата загуба,
Ако можеш да ги присилиш своите срце и нерви и тетиви
да те служат и понатаму иако веќе ги немаш,
и така да издржиш кога нема ништо во тебе
освен волјата која ти вели „истрај“.
Ако можеш да разговараш со најниските, и да го сочуваш достоинството,
или да шеташ со кралевите, а да не го загубиш разбирањето
за обичните луѓе.
Ако ни пријателите ни непријателите не можат да те навредат,
Ако сите те ценат, но не премногу,
Ако можеш да исполниш една незаборавна минута
со содржина која трае шеесет секунди,
Тогаш твоја е земјата и с
è што е на неа,
и над сè ќе бидеш човек, сине мој!

(Радјард Киплинг, „Ако можеш...“)

 

 

Eден од последните Фејсбук постови на Роберто:

 

Молитва - Славко Јаневски

Ме јадат (се јадам), чадам и ме гаснат (красна песна креска едно племе) стемнет господ гледа беда, беда, беда: Прокопие, Агрипина, Евтропие, Ангелина, Авксентие, Минадора, Мелентие, Теодора, Исакие, Меланија, Евсение, Наталија, Патрикие, Фросинија, Пахоние, Зиновија и Симеон и Гидеон и Парамон секој живо меси, оче наш иже еси блуд гнев и страшен бес, хлеб наш дажд нам днес, дажд нам днес, дажд нам днес
а,


Перун токмак бог е в пепел
тешка реа од нас бие
господ глувтар господ слепец
в густа брада муцка крие
и се тресе
Адама в замав го меси од батак
со него кришум и Ева ја меси
без папок потаму тие ќе патат
песна ќе пеат в плач или смеа
за едно племе со волча реа

Паганци диви овнодерци
безбоштвото в прав го соборија
в залез се роди Каинавелија
почнува нова историја
поглавие прво за јаболкото и за змијата
паганци, паганци, паганци
на Полуостровов чума доселија

Со две се крстам
и кришум се греам на Библијата
(запалена кој ќе ја чита)
секако никако некако славен
јас сам сум Каин и сам сум Авел
од свои раце душен
Аште би не согрешил дед наш
не ќе бев еден Македонец
арен Македонец
божи Македонец
што изел Македонец
па не знае
дали 1+1 е Македонец
или 2-1 е Македонец

 

 

Текстови од Роберто Беличанец објавени на Окно:

Стереотипи, нивната употреба и нивното зацврстување преку медиумите
What Orvel did not know
Доброволни даватели на туѓа крв!
Репортери без медиуми
Ноќи на малите куриња


 

Роберто Беличанец е роден на 1 февруари 1972 година во Прилеп. Почина вчера, на 30 јуни 2013 година, во Скопје.

Беше познат како жесток критичар на сите состојби во општеството, но и на сите власти, за што исклучително значаен придонес даде со своето лидерство на Центарот за развој на медиуми, како и во активностите на влијателното здружение Граѓани за европска Македонија (ГЕМ), како еден од неговите столбови.

Една од неговите последни значајни активности беше основање на Здружение на интернет портали во Македонија.

 

Слични содржини

Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Психологија / Живот
Општество / Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот

ОкоБоли главаВицФото