Куќа од морска трева

20.07.2013 09:37
Куќа од морска трева

Во XVII век, можеби и порано, руралните крајбрежни подрачја на северна Европа, а на места и бреговите на Кина, биле прошарани со колиби од морска трева, своевидна замена за слама. Денес „живеат“ неколку десетици колиби кои како важен дел од покривната/ѕидната конструкција содржат морска трева, и тоа на кинескиот полуостров Џијаодонг и на данското островче Ласо.

Поради својот комплексен хемиски состав настанат среде метаболичките процеси во морето и големата количина сол, морската трева е отпорна на скапување, има извонредни изолациски својства, како топлински така и звучни, а отпорна е и на пожар. Сето ова ѝ обезбедува животен век од дури 150 години! Освен тоа, материјалот сам се создава во морето, доаѓа до брегот без никаков човечки напор, се суши на брегот со помош на сонцето и ветерот - сè што е потребно е да се собере во вистинското време.

За да ја нагласи едноставноста, еколошката прифатливост и пред сè повторно оживеаната употреба на овој, би можело да се каже ултимативно самоодржлив материјал, данската група Realdania Byg ја ангажирала архитектонската канцеларија Vadkunsten за да дизајнира „куќа од морска трева“ на веќе споменатиот остров.

Станува збор за исклучително едноставно здание кое обликовно ги имитира традиционалните островски куќи. Дрвената конструкција е обложена со перници од исушена морска трева, а истата може да се најде и на покривот, ѕидовите, но и во склоп на подната конструкција. Дизајнот на внатрешноста е воден од функционалноста, прилагоден на потребите на едно модерно семејство.

Претставувањето на новиот материјал во современата градежна индустрија можеби отвора ново поглавје во самоодржливоста.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија / Око
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Живот

ОкоБоли главаВицФото