Гласот на бездомните

06.01.14 16:13

Американскиот уметник Андрес Серано се обиде да го сврти вниманието на јавноста кон проблемот со сиромаштијата во Америка така што ќе обрне внимание на пораките на знаците со кои сиромашните и бездомниците бараат милостина.

Во проектот наречен „Знак на времињата“, Серано создаде колекција знаци кои ги откупил за 20 долари од луѓето кои барале милост на улиците на Њујорк. По извесно време, луѓето на улица почнале да го препознаваат Андрес Серано.

„После некое време, неколку бездомници ми рекоа: сме слушнале за тебе, ти си тој што шета наоколу и ги откупува знаците. Се прашувавме дали некогаш ќе нѐ најдеш и нас“, раскажува Срано.

Најмладиот човек од кого Серано откупил знак во текот на неговата 3-месечна потрага има 16 години. На неговиот знак пишува: „Мајка ми ни рече да почекаме тука. Од тогаш поминаа десет години“.

„Иронично, многу луѓе не го забележуваат проблемот со бездомниците. 'Знак на времињата' е реакција на социјалната неправда и трагедија. Тоа е сведоштво за бездомните мажи и жени кои скитаат по улиците и бараат храна и засолниште. Исто така, проектот претставува и хроника на времето во кое живееме“, објаснува Серано.

На видеото и фотографиите подолу може да ја погледнете колекцијата знаци на бездомниците, на кои зрачат искреност, хумор и решеност да се истрае во борбата.

Извор: creativetimereports.org

ОкоБоли главаВицФото