Сузана Мартин

25.09.14 12:18

Германската уметница Сузана Мартин е авторка на серија слики во кои со пастелни и маслени бои претставува голи луѓе кои истражуваат некаков идиличен пејзаж. Позите и „сценаријата“ не се сексуално мотивирани, туку повеќе претставуваат реинтерпретација на класичните претстави на голотијата во сликарството.

„Историјата на голите луѓе во природа во сликарството го документира токму овој вечен копнеж. Тргнувајќи ги настрана еротските мотивации, голотијата секогаш била симбол за човекот во неговата најчиста, оригинална, примордијална форма. Лишен од сите социјални индикатори, облеката, имотот итн. тој постои независно од идентитетот, во едно чисто време на постоење. Природата не поседува идентитет, таа е. Голотијата е природна и таа отсекогаш се поврзувала со нашето чисто постоење, нашето враќање дома“, вели Сузана Мартин.

Па сепак, и покрај инсистирањето на вонвременската чистота, во физиономијата и претставата на луѓето повторно е забележлив печатот на модерното време.

Извор: www.susannahmartin.de

ОкоБоли главаВицФото