Кино-циркус

13.11.14 16:58

„Кино-циркус“ е советски пропаганден анимиран филм на Леонид Амалрик и Олга Кодатаева, снимен 1942 година, во кој се исмева Адолф Хитлер и неговите расистички идеи и освојувачки походи.

Во првиот дел, Хитлер е прикажан како дресер на кучиња, кој во ресторанот иронично наречен „Нова Европа“ им фрла коска на неколку кучиња, кои почнуваат жестоко да се борат меѓу себе. Во вториот дел, тој се наоѓа во посета на Наполеон, а во третиот дел од овој краток анимиран филм, Хитлер е жонглер застанат на пирамида од буриња барут.

ОкоБоли главаВицФото