Сами Слабник

09.06.15 14:15

Колажите на белгискиот уметник Сами Слабник се резултат на неговата фасцијанција од ретро-сликите од списанијата од 60-тите и 70-тите години на минатиот век. Слабник ги комбинира ретро-елементите и современата визија, повремено пронижувајќи ги со хумор и еротика.

Во неговите споеви видливо е влијанието од надреализмот, како и печатот на поп-културата, чии референци се вешто инкорпорирани во дел од колажите.

Извор: sammyslabbinck.tumblr.com

ОкоБоли главаВицФото