Диктаторите не се симнуваат на избори

11.06.2015 09:20
Диктаторите не се симнуваат на избори

Да, вистина е дека граѓаните заслужуваат демократија, владеење на правото и европска иднина.

За девет години Груевски докажа дека не може да им обезбеди на граѓаните демократија, владеење на правото и европска иднина.

Тој им обезбеди барокни згради, им обезбеди палми, им обезбеди јахти на Вардар, им обезбеди привидни вработувања, им обезбеди, сиромаштија, една од најниските плати во светот, лошо здравство и уште полошо образование.

Диктаторите не се симнуваат на избори.

Диктаторите се исфрлаат од власта за да се создадат услови никогаш повеќе да не може власта да ја узурпира сличен на нив.

Тоа значи дека изборите доаѓаат многу на крај на процесот.

Прво да го тргнеме диктаторот.

Па да ги расчистиме метастазите на неговото владеење.

Па да ги поставиме на нозе институциите на демократската држава.

Па да воспоставиме демократски правила, процедури и критериуми врз основа на кои ќе се изврши прочистувањето и ќе се обезбеди сигурност на граѓаните.

И, на крај, може да зборуваме за избори.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Александар Јосифовски