Татко изработил стол за нишање со три седишта за да може да им чита на децата

12.09.2015 11:09
Татко изработил стол за нишање со три седишта за да може да им чита на децата

Занаетчијата Хал Тејлор дизајнирал необичен стол за нишање кој совршено одговара за потребите на неговите деца. Мотивот за ваквиот дизајн е читањето.

„Страстен читател сум целиот мој живот. Кога ги добив децата, почнав да им читам многу рано, всушност уште пред да се родат. Ова продолжи сè додека нивната способност за читање не ја засени мојата. Кога Роуз се роди, покажа дека е совршен 'комуникатор' во семејството, изговараше цели реченици со совршена дикција. Јасно даде до знаење дека не сака да биде изоставена од читачката дружина. Ова претставуваше проблем за мене, затоа што немав доволно голем лаптоп за трите деца, што значеше дека Рејчел, најстарата ќерка, мора да стои покрај столот кога е време за читање приказни. Чувствував дека тоа не е праведно и си помислив: 'па, правам столови за нишање, сигурно ќе смислам нешто'. И смислив!“, објаснува Тејлор.

За да го реши проблемот со читањето на своите деца, овој креативец го дизајнирал уникатниот StoryTime Rocking Chair. Во суштина, овој рачно изработен стол функционора како и останатите столови за нишање, но е многу поинклузивен. За родителите да не мораат да балансираат со неколку деца во скутот, ова уникатно парче има две дополнителни седишта за деца кои овозможуваат совршен поглед кон книгата. Благодарение на оваа иновативна креација, читањето и нишањето можат да послужат како совршено искуство за дружење и зближување во семејствата со повеќе деца.

Извор: So Bad So Good

ОкоБоли главаВицФото