1020 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 03:59
Јун-Ха Пак е уметница која изработува чудни керамички скулптури. Нејзините суштества се аморфни и наликуваат на облаци, седнати на врвот на магични платформи со бои на бонбони. Секоја фигурина e провокативна фузија на детска невиност и надреализам, околу кои кружи таинствена аура на закана. Исплазени јазици и бестелесни раце се пружаат кон набљудувачот, предизвикувајќи носталгија и нелагодност, налик на чувството кое го имаме додека гледаме сладолед кој се топи во празно игралиште. Но, постои и хумор кој произлегува од експресијата на ликовите, од нивните мали, но сјајни очи вперени во гледачот. Јун-Ха Пак ја разјаснува оваа игра на емоции:
„На ист начин на кој карпата на ридот ја акумулира потенцијалната енергија, кората од банана на подот е поставена поради шега, со цел да ја акумулира потенцијалната смеа. Може да се предизвика смеа дури и без да се одвива вистинска акција. Моите дела го користат овој потенцијал за да конструираат наративи за амбисот во кој се струполуваат познатото и чудното, да ги истражуваат нашите внатрешни превирања на тага и надеж, преку хумор.“
Извор:beautifuldecay.com