Илустрации што ја прикажуваат тажната страна на модерниот живот

09.06.2016 14:00
Илустрации што ја прикажуваат тажната страна на модерниот живот

Италијанскиот уметник Марко Мелграти во своите илустрации го претставува тажното лице на општеството и модерниот начин на живот.

Роден во 1984 година во Милано. Во 2006 година дипломира на факултетот за ликовни уметности во Санта Џулија. Од 2008 година почнува да работи како независен илустратор.

Мелграти сега живее и работи во Мексико. Соработува со списанија, главно од САД, Италија и Мексико. Овој италијански уметник работи со мешани медиуми на традиционален начин, но и со користење на дигитални програми. Во повеќето негови дела тој се осврнува на мрачните страни на нашата современост.

Извор: Boredpanda

ОкоБоли главаВицФото