Утрото потоа

28.06.2016 10:52
Утрото потоа

Засега, брегзитот е фантастичен настан, на сосема погрешен начин. Многу луѓе заслужија секаква осуда за тоа, од Дејвид Камерон, кој ќе остане запаметен како човекот што ризикуваше распад на Европа и својата земја заради краткорочна политичка корист, до злобните уредници на британските таблоиди кои ја пумпаа јавноста со купишта лаги.

Но, помалку сум вознемирен отколку што мислев дека ќе бидам. Економските последици од брегзитот ќе бидат лоши, но не толку колку што се предвидуваше. Политичките последици ќе бидат далеку полоши, но тие ќе беа такви дури и да победеше опцијата за останување на Британија во ЕУ.

Да почнеме со економијата. Заради брегзитот, Британија ќе биде посиромашна. Тешко е да се предвидат последиците од брегзитот за трговијата, но тие ќе бидат значајни. Царините на Светската трговска организација (СТО) се ниски, а ограничувањата во глобалната трговија релативно мали. Но, во Европа и Северна Америка важно влијание е гаранцијата за пристап до пазарот на стапката долгорочни инвестиции наменети за извоз, па повлекувањето на овие гаранции ќе го намали обемот на трговијата, дури и кога би била избегната вистинска трговска војна. Последица од сето ова би била намалена продуктивност во Британија.

Кога се во прашање финансиските последици – крах на пазарите, рецесија во Британија, светска рецесија итн – јас не ги гледам. Фунтата падна во споредба со вообичаените дневни осцилации. Но, за оние земји во развој со искуства од кризата, овој пад не е страшен, дури ни во споредба со претходните британски епизоди: во текот на економската криза од седумдесеттите фунтата падна за една третина, по излегувањето од Европскиот финансиски механизам, во 1992 година за една четвртина, а до моментот кога го пишувам овој текст вкупно за 8 проценти.

На долниот графикот од Блумберг се гледа движењето на фунтата во однос на еврото во последните пет години:

Британија позајмува во сопствената валута и не е подложна на класичните кризи на билансот заради девалвација на валутата, за разлика од, на пример, Аргентина каде падот на пезото ги уништува компаниите и потрошувачите кои позајмувале во долари. Брегзитот нема да доведе до ненадеен одлив на капитал и пораст на каматните стапки, напротив. На следниот графикон од Блумберг се гледа движењето на каматните стапки на британската десетгодишна обврзница во последните пет години:

Дојде до пад на берзите, но и до пад на каматните стапки заради страв од рецесија која ќе ги принуди централните банки на великодушна монетарна политика. Тогаш зошто е стравот? Прво, затоа што новосоздадената неизвесност може да го намали обемот на инвестициите. Не знаеме како ќе се одвива брегзитот, па постои реална опасност компаниите да го одложат инвестирањето додека не се расчистат работите.

Посериозен проблем се политичките потреси во Европа и Британија. Што ме доведува до политиката. Европскиот проект за промовирање на мирот и проширувањето на политичката унија преку економска интеграција е во голема криза. Брегзитот веројатно е тежок почеток, затоа што популистичките, сецесионистичките и ксенофобните сили добиваат сè поголема поддршка ширум Европа. Да ја додадеме на тоа и слабоста на европската економија, која е прв кандидат за „секуларна стагнација“ – постојана криза со низок интензитет со демографски проблеми кои ги обесхрабруваат инвестициите. Иднината на Европа не изгледа добро и има причина за грижа.

Но, тие причини не би исчезнале и доколку Британија останеше во ЕУ. Најголемите грешки на европската конструкција беа: усвојување на еврото без подлабока анализа и план за тоа како ќе функционира единствената валута без единствена влада; катастрофално сместување на еврокризата во морални рамки и префрлување на вината на „неодговорните јужњаци“; воведување слободно движење на работната сила помеѓу културно различните земји со големи разлики во приходите. Во голема мера брегзитот е последица на овие нерешени проблеми кои доведоа до губење на кредибилитетот на ЕУ. Во таа смисла, еврокризата влијаеше на брегзитот, иако Британија умно се држеше што подалеку од еврото. И обратно, брегзитот само ја забрза веќе постоечката криза.

Вистинската штета, која ќе беше избегната ако не беше гафот на Камерон, ѝ е нанесена на самата Британија. Не сум експерт за тие нешта, но изгледа дека брегзитот ќе ги зајакне најлошите сили во британската политика и ќе доведе до распад на таа земја. Премиерот Борис делува како поизвесен исход од претседателот Доналд (кого лесно го замислувам како британски премиер). И, затоа ве молам да не се грижите за макро-економските прашања. Грижете се за опстанокот на Велика Британија. И оплакувајте ја Европа.

Извор: http://krugman.blogs.nytimes.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото